ТимоКом Софт- и Хардвер ГмбХ е германска ИТ-фирма со седиште во Диселдорф. Основана е во 1997 и во основа овозможува услуги за сите фирми кои имаат потреба од транспорт.http://www.timocom.rs Името „Тимо “ се состои од почетните букви на двајцата основачи Јенс Тирман и Јирген Морбринг.
ТимоКом со берзата на товари и товарни моторни возила TC Truck&Cargo е водач на пазарот во Европа. Основната идеја е да се посредува при понудувања и побарувања на транспортни услуги со помош на електронска платформа. Производите и услугите на фирмата се нудат во 44 европски земји, на 24 јазици.
Покрај главното седиште во Диселдорф, ТимоКом располага со сопствени претставништва во Полска, Чешка и Унгарија како и со канцеларии во Шпанија и Франција.
Наводи
Надворешни врски Официјалното мрежно место