Марко Хегер (роден на 16 септември 1989 во Келн) — германски фудбалер кој моментално игра за Шалке 04.
Кариера Хегер ја започнал својата кариера во екипата на Алеманија Ахен, каде започнал да игра за младинскиот тим во 2005 година. Тој го направил своето професионално деби за клубот на 6 март 2010 година во натпревар од 2.Бундеслига против Енерги Котбус.
Во летото 2011 година Хегер потпишал за Шалке 04. Своето деби за Шалке го имал на 23 јули во натпревар од Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд, во кој Хегер ги одиграл сите 120 минути по кој неговиот тим победил со 4-3 на пенали.
Титули Шалке 04 ДФЛ-Суперкуп : 2011
Надворешни врски Марко Хегер на soccerway Марко Хегер на www.transfermarkt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Родени во 1989 година