Лилјана Поповска ( во ) — македонска политичарка и поранешна претседателка на партијата ДОМ.
Образование Лилјана Поповска има дипломирано на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (органска хемија), каде што се има стекнато и со титулата магистер по технички науки. Покрај македонски, зборува и англиски и словенечки јазик.
Работно искуство 1982 - 1993 во фабриката Алкалоид (во Институтот за истражување и развој и во Секторот за маркетинг); 1993 - 1998 во приватна фирма; 1999 - 2002 советник на градоначалникот на Град Скопје за планирање и развој.
Политичко искуство 1996 - 1998 советник во Советот на Град Скопје и координатор на советничката група на Либерално демократската партија; 1998 - 1999 заменик министер за развој; 2002 - 2020 пратеник во Собранието на Република Македонија, при што во периодот 2003 - 2005 беше и потпретседател на Собранието на Република Македонија.
Други ангажмани активист во женското движење и координатор на Македонското женско лоби (застапник за повеќе жени во политиката и во јавниот живот, како и за подобрување на положбата на жената во општеството); член на Советодавниот одбор на работната група за полова рамноправност на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа; член на советодавниот одбор на Врска Диверсити (регионален проект за подобрување на меѓуетничката соработка); застапник за јакнење на цивилниот сектор преку соработката со невладини организации (хендикепирани лица, зависници од дрога, стари лица, талентирани лица, заштита на животна средина и др.) соработка со меѓународни организации и институции на полето на јакнење на мирот и меѓуетничката толеранција, како и на економскиот развој.
Награди Лилјана Поповска е добитник на републичка награда за иноваторство и на две награди за технички унапредувања во „Алкалоид“, како и на признанија и благодарници за соработка од повеќе невладини организации.
Наводи
Надворешни врски Запис во службеното мрежно место на Собранието на Република Македонија
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Прилеп Категорија:Луѓе со потекло од Гарниково Категорија:Политичари од ДОМ Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Пратенички состав 2014-2016 Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на Технолошко-металуршкиот факултет - Скопје