Жозеф Нисефор Ниепс (фр. Joseph Nicéphore Niépce; 7 март 1765 – 5 јули 1833) — француски пронаоѓач, најпознат по пионерството во фотографијата.
Ниепс ја направил првата успешна трајна фотографија. Почнал со експерименти уште од 1793 г. Некои од неговите рани експерименти резултирале со слики, но тие набргу избледнувале. Се смета дека Ниепс почнал да прави долготрајни слики во 1824 г. Најстарата трајна фотографија зачувана денес била направена во јуни или јули 1827 г (или 1826 г, според некои извори). Ниепс овој процес го нарекол „хелиографија“, што значи „сонцепис“. Ова бил бавен процес кој барал некои 8 часа силно сонце за да може да се отслика тоа што се слика; затоа бил користен за фотографирање на згради и неподвижни предмети, но не за луѓе.
Почнувајќи од 1829 г. Ниепс почнал да соработува и да го подобрува фотографскиот процес заедно со Луј Дагер. Умрел ненадејно од срцев удар во 1833 г.
Кратерот „Ниепс“ на Месечината и именуван по него за неговите заслуги.
Надворешни врски thumb|250px|left|Најраната зачувана фотографија на Ниепс од ~ 1826 г.
Изложбен протал на тема „Првата фотографија“ при Тексашкиот универзитет Повеќе за Ниепс
Категорија:Француски пронаоѓачи Категорија:Француски фотографи Категорија:Фотографски пионeри Категорија:Родени во 1765 година Категорија:Починати во 1833 година