Васил Тупурковски, познат и под прекарот Циле (р. Скопје, ) ― професор по меѓународно право, основач и претседател на поранешната политичка партија Демократската алтернатива, долгогодишен и поранешен претседател на Македонскиот олимписки комитет.

Животопис Дипломирал на Правниот факултет во 1972 година, а следната година завршил постидпломски студии по меѓународно јавно право на Мичигенскиот универзитет во САД, додека во 1976 година докторирал на меѓународно право.

Од 1983 година работи како редовен професор по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје. Васил Тупурковски денес е член на стручни меѓународни организации во сферата на меѓународното право и е предавач во повеќе од 60 земји. Автор е на низа трудови од областа на меѓународното право, како и од историјата на Античка Македонија.

Својата професионална политичка кариера ја започнува како Претседател на Сојузот на социјалистичката младина на СФРЈ во периодот 1976-1980 година. Во периодот од 1989 до 1991 година тој е член на Претседателството на СФРЈ, а фигурирал и како член на Претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Југославија од 1986 до 1989 година.

Од 1998 до 2000 година, професорот Тупурковски е директор на Агенцијата за обнова и развој, а од 1999 до 2000 година тој е вицепремиер на Владата на Република Македонија. Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува во 1998 година.

Тупурковски имал неколку ангажмани во областа на спортот. Како Претседател на Кошаркарскиот сојуз на Југославија од 1982 до 1983 година. Бил и Претседател на Македонскиот олимписки комитет од 1992 до 2020 година. Бил член на комисијата за едукација на Европските олимписки комитети од 1996 до 2016 година, а во период од 2002 до 2010 година, Тупурковски бил Претседател на Асоцијацијата на Балканските национални олимписки комитети.Професорот Тупурковски е заслужен граѓанин на Општина Карпош (2024) — Општина Карпош

Наводи

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1998 Категорија:Политичари од Демократска алтернатива Категорија:Вицепремиери на Македонија Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје