Горица или Корча (, , , ) — град и општина во истоимената област во рамките на Горичкиот округ во југоисточниот дел на Албанија. Општината е создадена во 2015 г. со спојување на дотогашните општини Дреново, Горица, Лејка (Лекас), Дворани, Булгарец, Високуќи (Виткуќ), Воскоп и Москополе, кои станале општински единици. Според пописот од 2011 г. населението на сегашната општина брои 75.994 жители, а тогашната општина зафаќала . Според истиот попис, тогашата општина броела 51.152 жители.. Ова е шести град по големина во Албанија. Сместен е на висорамнина на надморска височина од 850 м, обиколена од планината Морава.

Историја По уништувањето на блискиот град Москополе од Али-паша во 1789 година, трговијата се преселувала во Корча, што довело до економски бум. До 1805 година, популацијата достигнала 1.300 семејства (две третини христијани), со доселеници од Москополе, Шале и Колонја – главно аромани (власи) кои ја формирале христијанската урбана елита. Тие се занимавале со трговија, занаети и земјоделство, додека етничките Албанци се фокусирале на сточарство. Жителите зборувале албански и грчки.

На почетокот на 18 век децата од Корча се образувале во училиштата во ближното Москополе. Првото училиште во Корча, на грчки јазик, било основано во 1724 со поддршка на жителите од блиското село Виткуќ.Basil Kondis. The Greeks of Northern Epirus and Greek-Albanian relations. Hestia, 1995, p. 9: ""The first school of the Hellenic type in Korytsa opened in 1724" Ова училиште било уништено за време на Грчката војна за независност, но било повторно отворено во 1830. Во 1857 година во градот работело грчко училиште за девојчиња.Sakellariou M. V., Epirus, 4000 years of Greek history and civilization. Ekdotikē Athēnōn, 1997, , p. 308 Во текот на 19 век разни локални добротвори како Јоанис Пангас и Анастас Аврамиди-Лакче донирале пари за промоција на грчкото образование и култура во Корча, кога била изградена и гимназијата Бангас.Basil Kondis. The Greeks of Northern Epirus and Greek-Albanian relations. Hestia, 1995, p. 9 "With the money bequeathed by An. Avramidis two schools of the Hellenic type, a girls' school, and three primary schools were founded" лево|мини|Ученици пред првото албанско училиште во 1899 година Централниот комитет за заштита на правата на Албанците основан кон крајот на 1870-те со цел да се промовира развојот на албанската култура, основал машко училиште во градот. Ова училиште основано во 1884 е првото албанско училиште во градот. Негов прв директор бил Пандели Сотири. Наим Фрашери, одиграл голема улога во отворањето на училиштето. Кон крајот на 1880-те Ѓерасим Кирјази ја започнал протестантската мисија во градот. Неговата сестра Севасти Кирјази го основала и првото женско училиште на албански јазик во 1891.

Градот денес мини|лево|Градот и црквата „Воскресение Христово“ Во Горица живее голема влашка заедница, како и бројно македонско население кое говори на својот горички дијалект. а исто така и голем број на православни етнички Албанци. Локалното радио од овој град емитува и програми на македонски јазик наменети за етничките Македонци од тој крај. Од 2010 година во Горица зрачи и локална телевизија (ТВ Кристал) на македонски јазик.

Во Горица било отворено првото училиште на албански јазик во 1887 г., а во 1891 г. било отворено и првото училиште за девојчиња од страна на влашкиот учител Хараламбие Баламачи (подалечен роднина на Константин Белемаче, авторот на влашката химна), кој по отворањето на училиштата за Албанците, отворил и повеќе влашки училишта во Горица.

Во 2000-те е отворено и првото училиште на македонски јазик со поддршка од партијата Македонска алијанса. Од 2015 г. во градот се одржува и македонскиот фолклорен фестивал „Сонце“.

Име Градот е именуван различно во други јазици: , Koritsá; ; .

Личности Личности родени во Корча / Горица:

Марија Кочова Крешова (1925-) — учителка, учесник во НОД и НОВ на Македонија.

Збратимени градови Солун, Грција Клуж-Напока, Романија Митровица, Косово Верона, Италија Лос Алкасарес, Шпанија

Поврзано Горички дијалект

Наводи

Надворешни врски

Македонски имиња на места во Албанија Словенски јазични реликти во Албанија Фестивал на пивото Општина Горица

Горица Категорија:Македонци во Албанија Категорија:Кутмичевица