За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница
Дојранско Езеро (, се чита: Лимни Дојрани) — езеро споделено помеѓу Грција и Македонија.
Тоа е најмалото тектонско езеро во Македонија. Езерото зафаќа површина од околу . Западниот, поголемиот дел (околу ) припаѓа на Македонија (Општина Дојран), а источниот, помалиот дел (околу ) на Р. Грција (Општина Кукуш).
Во народниот јазик, езерото е познато и како Дојрански Ѓол.
Местоположба и хидролошки одлики
мини|300п|лево|Наколно живеалиште во Дојранското Езеро
Дојранското Езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија.
Котлинскиот простор во кој е сместено езерото е ограничен од север и северозапад со планината Беласица, од запад и југозапад со гранките на ридското подрачје Карабалија и од исток со гранките на планината Круша. Езерската површина се наоѓа на надморска височина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со максимална длабочина од 10 метри и просечна длабочина од 6,7 метри.
Единствениот истек на езерото е реката Ѓолаја која почнува од селото Дојран во Егејска Македонија и завршува како притока на Вардар кај селото Вардаровци, Кукушко.
Површината на езерото е , од кои ѝ припаѓаат на Грција, а на Македонија. Површината на Дојранското Езеро се менува во зависност од водостојот, така што во литературата и во официјалните публикации има различни податоци со бројки кои варираат од 41,9 до . Податокот дека површината на езерото изнесува е од Статистичкиот завод на Македонија од 1996 година. Сепак, ваквите разлики не влијаат на заклучокот дека ова езеро е најмало од трите тектонски езера во Македонија. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 24 километри. Овој брег има најмала разгранетост, а во него доминираат песочни плажи кои имаат позитивно влијание врз туризмот. Најголемата длабочина изнесува 10 метри, што претставува мала длабочина, особено во однос на Охридското и Преспанското Езеро, и е негативна околност за одвивањето на туристички активности. Потврда за оваа квалификација е фактот дека дури и на растојание од 100 метри од брегот, длабочината изнесува 3 метри. Поголемиот дел од езерото е покриен со глиновит материјал и само пострмните тераси се песокливи, што е и една од причините за заматеноста на водата. Максималната амплитуда на водостојот изнесува 267 километри. Ова има негативен одраз врз другите елементи на географската средина.
мини|десно|Кајчиња во Дојранското Езеро|300п
Температурата на водата е една од најважните вредности на Дојранското Езеро. Средногодишната температура во Дојранското Езеро изнесува , што е највисока вредност во однос на Охридското и Преспанското Езеро. Температурата на водата во зима е доста различна. Средномесечните вредности се движат од умерените во декември, до во февруари. Поради релативно плитките длабочини, езерото замрзнува во овој период. Сепак, за развој на туризмот од најголемо значење се средномесечните температури на водата во летниот период од годината. Тие во пет месеци од годината се повисоки од . Ова значи дека во период од скоро половина година има топлински услови за одвивање на капалишни активности. Средномесечната температура во мај изнесува , во јуни , во јули , август и во сепмтеври . Бојата на водата има нијанси од темнозелена, зеленкасто – жолтеникава и жолтенива, што како вредност заостанува зад Преспанското, а особено зад Охридското Езеро.
Поради јодот ослободен од алгите за време на нивното цветање (јули-август), водата на езерото е многу лековита, особено за лекување на проблеми со синусите, бронхитис, настинки, зараснување на рани и посекотини. Лековитата природа на водата привлекува голем број туристи, претежно семејства со мали деца.
Настанок
мини|300п|десно|Глетка на Дојранското Езеро од сртот на Беласица.
Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, станува збор за реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 км2.
Легенда за Дојранското Езеро
На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не ѝ давал мир. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина. За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.
Флора и фауна
Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од безрбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др.), како и претставници од ’рбетниците (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во Дојранското Езеро се регистрирани 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, еден вид претставува локален ендемит. Некои безрбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на списокот на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на корморани во огради од трска, т.н. мандри.
Дојранското Езеро како мотив во уметноста „Дојран“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 55-59.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
За езерото — Општина Дојран Дојранското Езеро на порталот „Рибар“ Дојранско Езеро — Македонска туристичка атракција, портал ИГЕО Нацрт риболовна основа за Дојранското Езеро - ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид, 2008
Категорија:Езера во Македонија Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Езера во Грција Категорија:Македонско-грчка граница Категорија:Споменици на природата на Македонија Категорија:Рамсарски места во Македонија Категорија:Меѓународни езера во Европа