Жарко Кујунџиски (роден на 19 мај 1980 во ) — македонски прозаист и драмски автор.

Животопис мини|267x267пкс|Жарко Кујунџиски на првиот Фестивал на проза, Куманово, мај 2022 година Во ноември 2009 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ја одбранил магистерската теза „Аспекти на микрофикцијата - врз примери од американската и македонската книжевност“. Работел како уредник на електорнскиот магазин Репер (www.reper.net.mk), а бил и неделен колумнист во дневниот весник „Дневник“. Работи како главен уредник на издавачката куќа „Антолог“. Исто така, тој е основач на фестивалот на европската литература „Bookstar“.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 364.

Творештво Кујунџиски е автор на 13 книги од кои позначајни се: романите Spectator (2003), Америка (2006) и Најдено загубено (2008), збирката драми Ендрју, љубов и други непогоди (2004), збирката раскази 13 (2010), како и романот Свинга на гневот (2020). Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 253-260. Неговите дела се преведени на неколку јазици. Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од антологијата „The best European fiction 2013“.

Spectator е првиот дебитантски роман во македонската книжевност со пет изданија. Во своите дела Кујунџиски се занимава со комплексните односи меѓу единките во современото општество, невозможноста да се воспостави целосна емотивна комуникација, поради личните преобликувања и преобразби на впечатливите ликови кои најчесто се хиперсензитивни и кршливи, како и со процесите на претворање на материјалното во метафизичко.

Од англиски јазик ги превел следниве дела: Појадок кај Тифани од Труман Капоти (2006) и Евтини приказни од Квентин Тарантино и Роџер Евари (2008).

==Награди-- Добитник е на петнаесеттина награди за најдобар краток расказ, драмски текст и есеј. Исто така добитник е на: 2003 — Награда „13 Ноември“ 2024 — Награда „Стале Попов“

Наводи

Надворешни врски Текстови на авторот во „Блесок“ Жарко Кујунџиски на balkanwriters.com

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски филмски критичари Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски драматурзи Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“