Лилјана Ингилизова-Ристова ( во ) — македонски правник и судија, еден од претседателите на Уставниот суд на Македонија.
Животопис
Дипломирала на Правниот факултет при Скопскиот универзитет во 1969 година, а правосудниот испит го положила во 1973 година.
Се насочила во судството, започнувајќи како приправник и стручен соработник во Окружниот суд во Скопје во периодот 1970-1976 година. Во овој суд останала до 1995 година, кога станала дел од Врховниот суд на Македонија.
Во периодот 1995-1999 година, таа била претседател на Државната изборна комисија, кога биле спроведени локалните избори во 1996 година и парламентарните избори во 1998 година.
Од 31 мај 2003 година, таа станала судија во Уставниот суд на Македонија, а истата година станала и негов претседател.
Таа уленувала и учествувала во работата на стручните здруженија на судиите и правниците. Има објавено стручни трудови од областа на кривичното право во стручните списанија „Судиска ревија“ и „Македонска ревија за казнено право и криминологија“.
Наводи
Категорија:Правници од Скопје Категорија:Македонски судии Категорија:Југословенски правници Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје