мини|десно|Црквата „Воскресение Христово“. мини|десно|Хотелот „Ројал“ на брегот на Охридското Езерото.
Поградец или Подградец () — град и седиште на истоимената општина, Област Горица, Југоисточна Албанија. Сместен е на југозападниот брег на Охридското Езеро, во историско-географската област Мокра. Се наоѓа југоисточно од Елбасан, југозападно од Охрид (Р Македонија) и западно од Лерин (Егејска Македонија) и северно од градот Горица (Корча). Градот е наречен по древната тврдина (денес наречена Поградечка тврдина), која се издигала на планинските падини над него (оттаму и „под-градец“).
Демографски особености Во градот и околните села и денес живее македонско население, од кои се издвојуваат три кои и денес јасно задржале етничкиот карактер и својата варијанта на охридскиот говор. Ова некогаш бил чисто македонски крај, што е очигледно од називите на населените места во општината (подолу). Иако денес има албанско мнозинство, половината жители се православни, а половината се муслимани. Ова укажува дека целокупното поградечко подрачје подлегнало на процес на албанизација на македонското население во не така далечното минато.
Поврзано Поградечка тврдина Мокра (област)
Наводи
Надворешни врски
Мрежно место на Општина Поградец Туристички портал на Поградец