Врховниот суд на Македонија — највисокиот суд во Македонија кој обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите. Одлуките на Врховниот суд според Уставот на Македонија се конечни и извршни. Врховниот суд на Република Македонија е сместен на ул. Крсте Мисирков бб во Скопје.
Надлежност на Врховниот суд Врховниот суд, како највисок суд во државата, е надлежен: да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови; да решава по вонредно правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежности меѓу апелационите судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за месна надлежност кај овие судови; да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција на човекови права и да врши други работи определени со закон.
Сегашен Состав на Врховниот суд Составот на врховниот суд според 2025 година:
# Име Мандат Преземање функција 1 Џемаили Саити Претседател 2012 4 Беса Адеми Член 2009 2 Владимир Стојаноски Член 2010 3 Јелица Крстевска Член 2011 5 Шпенд Деваја Член 2013 6 Африм Фидани Член 2017 7 Цветанка Периќ Член 2019 8 Мирјана Лазарова-Трaјковска Член 2020 9 Сафет Кадрии Член 2020 10 Анита Бошковска Член 2023 11 Катерина Георгиевска Член 2023
Наводи
Категорија:Управување со Македонија Категорија:Судови