Кокаљка, голем нуркач, цуцлест нуркач или шатор () е водна птица, член на семејството нуркачи.
Кокаљката ја има и во Македонија. Била користена како птица-работничка во риболовот со птици на Дојранското ЕзероСостојба со птиците во Македонија 2012
Опис
Кокаљката е најголемиот член од семејството нуркачи од Стариот Свет, но некои видови се наоѓаат и во Америка. Долги се од 46 до 51 см, а распонот на крилјата им е од 59 до 73 см и тежат од 900 до 1500 грама.Burnie D and Wilson DE (Eds.), Animal: The Definitive Visual Guide to the World's Wildlife. DK Adult (2005), ISBN 0789477645 Тие се одлични пливачи и нуркачи и затоа рибата ја ловат нуркајќи. Во лето, со своите впечатливи шари на вратот и грбот не можеме да ги помешаме со друг нуркач; додека во зима, како и другите нуркачи имаат бело околу очите и розов клун.Новоиспилените имаат карактеристични црно-бели линии на главата кои се губат со нивното созревање (растење).
Живеалиште и гнездење
Кокаљката се гнезди во тревнатиот дел од езерата. Подвидот P. c. cristatus е распространет во Европа и Азија по должината на средниот запад, а во зима тие се селат во потопли предели, што значи дека тие се птици преселници. Но, африканскиот подвид P. c. infuscatus и австралискиот P. c. australis не ги напуштаат своите места на живеење, тие се седентарни.
Поведение
За време на парењето кокаљката прави гнезда на површината на водата, бидејќи на копно не се движи многу добро поради тоа што нејзините нозе се поставени поназад. Обично се изведуваат по две јајца, а родителите го носат подмладокот на грб помеѓу пердувите. Исто така, секој родител си одбира свој „фаворит” за кој подоцна ќе се грижи и ќе го подучува.
Необично, но со испилувањето младите нуркачи се способни самостојно да пливаат и нуркаат. Возрасните му ги пренесуваат вештините на подмладокот на тој начин што носејќи ги на грб се нуркаат во вода, а потоа ги оставаат младите да испливаат на површината на водата и да допливаат до нив.
Кокаљката претежно се храни со риба, но јаде и мали ракчиња, инсекти и мали жаби. Овој вид птици е внесен до истребување во Обединетото Кралство во 19 век, бидејќи нивните пердуви биле користени за украсување на капите и дамските шапки. Кралското друштво за заштита на птиците во Британија го сопрело нивното истребување, па тие повторно ги населиле пределите низ Европа.
Поврзано Список на птици во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Ageing and sexing (PDF) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Great Crested Grebe videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection Species text in The Atlas of Southern African Birds. BTO BirdFacts - Great-crested Grebe BirdLife Species Factsheet
Категорија:Птици на Македонија Категорија:Нуркачи (птици) Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј