Јосиф Даскалов (, - , Подрум Кале, Турција) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.
Животопис Даскалов е роден во 1868 година во Кратово, тогаш во Отоманското Царство. Завршил IV класа во педагошкото училиште во Ќустендил и станал учител, како и неговиот татко учителот Димитри. Предавал во Скопје, Кратово и на други места. Во 1894 година станал член на Македонската револуционерна организација, бил заколнат од Гоце Делчев и бил главен организатор на комитетите во Кратовско.
Во 1897 година започнала т.н Виничка афера во текот на која Јосиф бил уапсен и тешко мачен, за да ги открие своите соучесници. На 26 декември, Јосиф успеал да издејствува излегување на занданата под придружба, под изговор дека ќе им ја предаде архивата на локалниот комитет, и се фрлил од Радиниот мост, но преживеал.Шатев, Павел, „В Македония под робство“, Изд. на Отеч. фронт, София, 1983 г., стр. 58-59. Христо Силјанов истакнува:
Бил осуден на 6 години затвор и бил затворен на островот Родос. Во август 1902 година бил ослободен. Подоцна бил испратен во Подрум Кале, а таму во 1909 година бил отруен Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 43..
Наводи
Надворешни врски Песна за Јосиф Даскалов Епизода за Јосиф Даскалов на „Тврдокорни“
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Луѓе од Кратово Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание