Државен музеј () — музеј посветен на уметноста и историјата во градот Амстердам, Холандија. Се наоѓа во реонот Амстердам-Југ, недалеку од послични културни установи, како што се Музејот на Ван Гог, Градскиот музеј и Концертниот дом (Concertgebouw).Музејски плоштад - „Јас сум Амстедам“,
Основан е во Хаг во 1798 г., a десет години подоцна е преместен во Кралскиот дворец во Амстердам. По извесно време префрлен е во нови простории во, а подоцна во Триповиот дом (Trippenhuis), денес седиште на Кралска академија на уметностите и науките. Музејот се вселил во сегашната зграда веднаш по нејзината изградба во 1885 г. Во 2003 г. ова здание било затворено за обноваОдбројувањето започна – Државниот музеј отвора за 99 дена - NRC Handelsblad, и повторно отворено од кралицата Беатриса на 13 април 2013 г. Обновата траела цели десет години и чинело вкупно 375 милиони евраДржавниот музеј во Амстердам се подготвува за велелепно отворање - Би-би-си Вести, 4 април 2013 „Државниот музеј во Амстердам е повоторно отворен: Ново златно време“ - The Economist,
Музејот има вкупно милион предмети од уметничко и историско значење што го опфаќаат периодот од 1200 до 2000 г. Од нив се изложени 8.000 експонати.
Збирката опфаќа слики од холандско-фламански мајстори од златното време како што се Јакоб ван Рејсдал, Франс Халс, Јан Вермер, Јан Стен, Рембрант и неговите ученици.
Постои и мала азиска збирка изложена во Азискиот павилјон.
Во состав на музејот работи и истражна библиотека од областа на историјата на уметноста, најголема од овој вид во земјата.
Некои дела
Наводи
Надворешни врски
Државен музеј
Категорија:Ликовни музеи и галерии во Холандија Категорија:Музеи во Амстердам Категорија:Згради и градби во Амстердам Категорија:Знаменитости во Амстердам Категорија:Појавено во 1798 година