Фабрицио Раванели (роден на 11 декември 1968 година во Перуџа) — италијански фудбалски тренер и поранешeн играч, кој играл на позицијата напаѓач.

По неколку искуства во Серија Ц2, Ц1 и Б лигите во Италија, тој дошол во преден план носејќи го дресот на и , што му овозможило да ја преживее најсјајната фаза во својата кариера во редовите на , каде освоил еден Куп на УЕФА, едно скудето, еден Куп на Италија, еден Суперкуп на Италија и една титула во Лигата на шампионите. Потоа тој се преселил во , а потоа и во , пред да се врати во Италија во 2000 година, потпишувајќи за , каде освоил уште едно скудето, Куп на Италија и Суперкуп. Во подоцнежните години од својата кариера, тој настапувал за , Данди и уште еднаш на Перуџа, каде ја завршил својата кариера во 2005 година.

За италијанската репрезентацијата настапил 22 пати, во периодот од 1995 до 1999 година. Учествувал на Европското првенство 1996.

Неговиот прекар во Италија бил Penna Bianca (во превод "белото перо") додека во Англија бил наречен Silver Fox (во превод "сребрената лисица"). и двата се однесуваат на раното побелување на неговата коса. Додека играл за Јувентус, Раванели двапати бил номиниран за Златната топка во 1995 и 1996 година, завршувајќи на 12-тото и 16-тото место соодветно.

Прослава на головите тој е запаметен и по особената радост по секој негов гол, што тој лично го измисли, а се состоеше од тоа да ја покрие главата со кошулата на играта и да продолжи да трча со раширени раце.

Клупска кариера Раните години во Серија Б и Серија Ц thumb|left|165px|Раванели во дресот на Перуџа, во сезоната 1988-1989. Раванели започнал да игра фудбал во неговиот роден град, во клубот Перуџа Калчо, во Серија Ц2 лигата. За време на сезоната 1987-1988 тој станал хит со постигнати 23 гола, кои го прават најдобар стрелец во првенството и му овозможил на својот клуб да избри промоција во Серија Ц1 лигата. Во неговите први три сезони во Перуџа тој забил вкупно 41 гол, пред да биде купен од страна на Авелино, каде собрал само 7 настапи во Серија Б. Потоа тие го испратиле на заем во Касертана во Серија Ц1, а потоа во сезоната 1990-1991 тој се преселил во редовите на Реџана во Серија Б, каде што одиграл две сезони во кој постигнал 24 гола.

Јувентус Пред почетокот на сезоната 1992-1993 тренерот на Јувентус, Џовани Трапатони го довел Раванели во овој клуб за сума од 3 милијарди лири. Своето деби во Серија А, Раванели го имал на 6 септември 1992, во натпреварот Каљари-Јувентус 0-0.Каљари-Јувентус 0-0 Во првата сезона со клубот тој го освоил Купот на УЕФА, победувајќи ја во финалето германската Борусија од Дортмунд.

За време на сезоната 1994-1995, со доаѓањето на новиот тренер Марчело Липи, Јувентус го освоил своето 23-то скудето и деветтиот наслов во италијанскиот куп во историјата на клубот. На 27 септември 1994, Раванели постигнал 5 гола во натпреварот од Купот на УЕФА, Јувентус-ЦСКА Софија 5-1, што е рекорд за играч на Јувентус во европските купови.

Во следната сезона 1995-96, Раванели постигнал гол во финалето на Лигата на шампионите, со кој им донел предност на бјанконерите против Ајакс(на крајот Јувентус победил по изведување на пенали).

На крајот од оваа сезона тој и ставил крај на соработката со тимот од Торино, и се преселил во екипата на Мидлзборо во англиската Премиер лига.

Мидлзборо Во летото 1996, менаџерот на Мидлзборо Брајан Робсон го купува Раванели за сума од 7.000.000 £. Тој веднаш направил позитивно влијание по трансферот во Премиер лигата иако неговиот успех не бил одржан. Тој постигнал хет-трик на неговото лигашко деби против Ливерпул на денот на отворањето на сезоната 1996-1997 во Премиер лигата. И покрај тоа што бил еден од најдобрите стрелци во првенството, Мидлзборо испаднал од лигата во годината во која тој му се приклучил на клубот. Тој сепак, им помогнал да стигнат до финалето во двата домашни купа таа сезона. Тој ги започнал и двете финалиња во почетната постава, но Мидлзборо загубил со 2-0 од Челзи во финалето на ФА Купот и со 2-1 на вкупен резултат од Лестер Сити во финалето на Лига купот, каде тој постигнал гол во првиот натпревар од финалето во 94-тата минута од продолжението, и кога се чинело дека Мидлзборо ќе победи само неколку минути пред крајот Емил Хески погодил за изедначување и го испратил натпреварот во преигрување, во кое Лестер победил со 1-0. Тој се отуѓил од соиграчите и навивачите, со неговите постојани поплаки и критики за режимот на тренинг во клубот, како и за самиот град, и покрај тоа што бил еден од највисоко платените фудбалер во Премиер лигата во времето.

Олимпик Марсеј По испаѓањето на Мидлзборо, Раванели се преселил во Олимпик Марсеј. Во сезоната 1998-1999, Марсеј завршил на второто место во француската прва дивизија, со еден бод помалку од шампионот Бордо. Наредната сезона тие се натпреварувале во Лигата на шампионите, а Раванели постигнал еден гол против Штурм Грац на Велодром. Тој постигнал вкупно 28 гола во трите сезони во француското првенство.

Лацио Тој се вратил во Италија во 1999 година, кога бил ангажиран од страна на Лацио, каде што најчесто бил користен како резерва. Тој го освоил своето второ скудето во кариерата, а исто така бил победник и во италијанскиот куп во првата година и во италијанскиот суперкуп следната година.

Дарби Каунти Во јули 2001 година, Раванели му се приклучил на Дарби Каунти со слободен трансфер, потпишувајќи со нив двегодишен договор. Тој не можел да го спаси клубот од испаѓање во 2002 година. Поради финансиските проблеми на Дарби, тие морале да ја одложат исплатата на неговата плата која била платена за неколку години.

Данди По завршувањето на неговиот договор со Дерби тој бил ослободен од клубот, како и сите нивни најдобро платени играчи. Раванели потоа поминал краток период играјќи за Данди во Шкотската Премиер лига. На 5 првенствени натпревари неуспеал да постигне ниту еден погодок, но затоа постигнал хет-трик во натпревар од Шкотскиот куп.

Враќање во Перуџа thumb|220px|Дресот на Раванели во Перуџа По завршувањето на авантурите во Европа, тој се вратил назад во родниот град Перуџа во јануари 2004 година, и одново заиграл за Перуџа Калчо во Серија А под водство на Серсе Козми. Благодарение на головите на Раванели во завршницата од сезоната, клубот се движел нагоре и стигнал барем до плејофот во кој контроверзно загубиле од Фјорентина, па така Перуџа како поразена испаднала во Серија Б.

За време на сезоната 2004-2005 напаѓачот сè уште играл во Перуџа, со цел да му помогне на клубот да се врати во елита. По финалето на плејофот против Торино, Раванели одлучил да се пензионира од фудбалот, преземајќи ја позицијата на технички директор во младинскиот сектор на бјанкоросите.

Репрезентативна кариера Раванели одиграл вкупно 22 натпревари за репрезентација на Италија и постигнал 8 голови. Тој го направил своето деби за Аѕурите на 25 март 1995 за време на квалификацискиот натпревар за Евро 1996 против Естонија, кога тој успеал да постигне и гол.

Тренерска кариера На 13 јули 2011, тој станал тренер на јуниорите на Јувентус во категорија 99 (родени 1999 годината и подоцна), додека во следната сезона тој бил тренер на регионалните младинци.

На 8 јуни 2013 бил ангажиран како тренер на првиот тим на Ајачо, во Лига 1; меѓутоа бил отпуштен на 2 ноември поради лошите резултати.

Тренерска статистика Статистиката е ажурирана на 4 мај 2015. СезонаЕкипаПрвенствоМестоУчинокОдиграниПобедиНерешениПорази% успешност 2013-2014 Ајачо Л1 19º Позиција на тимот по 12 кола. На крајот на сезоната Ајачо завршиле 20º. (отпуштен)Вкупно во кариерата

Титули Јувентус 1 Серија А: 1994–95 1 Куп на Италија: 1994–95 1 Суперкуп на Италија: 1995 1 Куп на УЕФА: 1992-93 1 Лига на Шампиони: 1995–96

Лацио 1 Серија А: 1999–00 1 Куп на Италија: 1994–95

Наводи

Надворешни врски

Фабрицио Раванели на soccerway

Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Перуџа Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Мидлсбро Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Италијански фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Дарби Каунти Категорија:Родени во 1968 година