Новоселски манастир — манастир во струмичкото село Ново Село.
Местоположба
Манастирот се издига на рид на планината Огражден, што се наоѓа над струмичко Ново Село, од каде се гледа панорама на целото село.
Историја
На местото на манастирот во 1990-тите години била откриена некропола, која најверојатно датирала од римско време, и подоцна се покренала иницијатива за изградба на манастирски комплекс.
Во 2004 година започнала изградбата на монашкиот конак со поддршка на струмичкиот митрополит.
Денес, во манастирот живеат тројца монаси во склад со аскетско-исихастичката традиција на Светогорските манастири. Во манастирот е развиено пчеларството и се произведува квалитетен мед.
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, конакот, трпезаријата, како и други помошни објекти.
Црква „Св. Ѓорѓи“
Главната и единствена манастирска црква е посветена на Свети Ѓорѓи.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Промотивно видео за Манастирот на YouTube
Категорија:Ново Село (Струмичко) Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Струмичката епархија Категорија:Манастири во Струмичкото архијерејско намесништво