Хектор (старогрчки: Ἕκτωρ = „потпора, потпирач“) — лик во старогрчката митологија, тројански принц и најголемиот воин на Троја во Тројанската војна при што бил штитеник на Аполон.„Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 165. Како првороден син на кралот Пријам и кралицата Хекаба, потомок на Дардан, кој живеел под планината Ида, како и на Трос, основоположникот на Троја,Iliad XX.215ff. тој бил принц од кралската куќа и наследник на престолот на својот татко. Хектор бил оженет со Андромаха, со која го имал синот Скамандриј (кого Тројанците го викале Астијанакт). По освојувањето на Троја, грчката војска го фрлиле Скамандриј од ѕидините на Троја поради пророштвото дека тој ќе го обнови тројанското кралство. Хектор бил водач на Тројанците и на нивните сојузници во одбраната на Троја, убивајќи 31 грчки воин.Hyginus, Fabulae 115. Во европскиот Среден век, Хектор имал улога како еден од Деветте достоинственици, познат не само по својата храброст, туку и по својот благороден и љубезен карактер. Хомер го прикажува Хектор како мирољубив, грижлив, како и храбар, добар син, сопруг и татко, без скриени намери. Кога Тројанците се расправале дали предзнаците се благонаклонети, тој одговорил: „Еден предзнак е најдобар: одбраната на татковината.“

Потекло на името На старогрчки, името Хектор е изведено од глаголот „да се има“ или „да се држи“. Исто така, Хектор е епитет на Зевс за неговото својство како „оној кој држи (сѐ заедно)“. Името на Хектор според тоа може да има значење „држи“.Оваа етимологија е наведена на: Hector, која, ако е точна, укажува на индоевропско име *seĝh- .

Хектор во старогрчката митологија

Најголемиот воин од Троја

Според Илијадата, Хектор не ја одобрувал војната меѓу Грците и Тројанците. Ахајците и нивните сојузници од истокот десет години ја опседнувале Троја. Хектор со повеќе потчинети управувал со Тројанската војска, вклучувајќи ги и неговите браќа Дејфоб, Хелен и Парис, како и Полидамант. Сепак, според кажувањата, Хектор бил најдобриот воин кого Тројанците и нивните сојузници можеле да го изберат, а неговите борбени вештини биле почитувани и од Грците и од неговите луѓе. Диомед и Одисеј, кога се соочиле со неговиот напад, го опишале како „непобедлив брз терор“ и „лудак“, според преводот на Роберт Феглс.

Двобои со воините

Двобојот со Протесилај

Во Илијадата, подвизите на Хектор во војната пред настаните во книгата се резимирани. Тој се борел против грчкиот првак Протесилај на почетокот од војната и го убил. Според пророштвото, првиот Грк кој ќе стапне на тројанска земја ќе умре. Протесилај, Ајант и Одисеј поради тоа не слегувале на брегот. На крајот, Одисеј го фрлил својот штит и стапнал на него, а Протесилај скокнал после него од својот брод. Во борбата што претстоела, Хектор го убил, исполнувајќи го пророштвото.

Двобојот со Ајант

По советот на својот брат Хелен (кој исто така бил пророк) и бидејќи му било кажано дека сѐ уште не му е време да умре, Хектор успеал да ги собере двете војски и да предизвика кој било од грчките воини во борба.Iliad, VII. Аргајците во почетокот биле неволни да го прифатат предизвикот. Сепак, по Несторовото критикување, девет грчки херои го прифатиле предизвикот и влечеле ждрепка кој ќе се соочи со Хектор. Победил Ајант и се борел со Хектор во нерешена борба цел ден. Поради тоа што никој од нив не успевал да победи, и двајцата изразиле восхит за храброста, вештините и силата на другиот. Хектор му го дал на Ајант својот меч, со кој Ајант подоцна се самоубил. Ајант му го дал на Хектор својот појас, кој подоцна било искористен за да се заврзи телото на Хектор за кочијата на Ахил со која тој бил влечен околу ѕидините на Троја.

Грците и Тројанците склопиле примирје за да ги закопаат мртвите. Во раната зора на следниот ден, Грците го искористиле тоа за да изградат ѕид и да ги фрлат наоколу бродовите, додека Зевс гледал од далеку.Iliad VII.433ff)

Двобојот со Ахил

Друго споменување на Хекторовите подвизи во почетните години на војната е дадено во деветтата книга на Илијада. За време на пратеништвото кај Ахил, Одисеј, Феник и Ајант се обидувале да го натераат Ахил повторно да се придружи во војната. Во својот одговор, Ахил укажал на тоа дека сега Хектор ги тероризира грчките сили; додека тој самиот се борел во првите редови, Хектор „немал желба“ да ги одведе своите сили зад ѕидините и надвор од Скејската порта и во близина на дабот. Тој потоа се пожалил: „Таму тој стоеше пред мене сам, еден ден, и одвај побегна од мојот напад.“

Во филмската верзија на Троја од 2004 година, Ахил го погубува Хектор по двобојот, додека во Илијада тоа е поинаку. Хектор останал зад ѕидините, додека неговата војска побегнала во градот. Како што Ахил се приближувал, Хектор не попуштал, се борел и умрел гледајќи кон Троја. Филмската верзија на неговата смрт е слична на борбата меѓу прваците спомената од Ахил во Илијада, книга 9.

Во десеттата година од војната, забележувајќи дека Парис избегнува војна со Менелај, Хектор го обвинил Парис поради тоа што ѝ донел неволја на целата земја и сега одбива да се бори. Парис поради тоа предложил борба меѓу себе и Менелај, а Елена да отиде со победникот и со тоа да заврши војната.Iliad III. Двобојот, сепак, довел до нерешавачки крај поради интервенцијата на Афродита која го одвела Парис надвор од бојното поле. Откако Пандар го ранил Менелај со стрела, борбата започнала повторно.

Грците нападнале и ги прогониле Тројанците. Хектор морал да изврши против-напад. Неговата жена, Андромаха, држејќи го во своите раце нивниот син Астијанакт, го задржала пред портата, молејќи го да не оди надвор од ѕидините поради неа и нивниот син. Хектор знаел дека Троја и куќата на Пријам биле проколнати да паднат и дека мрачната судбина на неговата жена и син ќе биде да умрат или да бидат робови во туѓа земја. Со разбирање, сочувство и нежност тој ѝ објаснил дека лично тој не може да одбие да се бори и ја утешил со мислата дека никој нема да го убие сѐ дури не дојде неговото време.Iliad VI. Одблесокот од бронзениот шлем го исплашил и го расплакал Астијанакт.This Trojan helmet was made famous by Denys Page in History and the Homeric Iliad, Chapter VI, "Some Mycenaean relics in the Iliad", as the Greeks do not wear bronze helmets in the poem's epic formulae, but they did in the Homeric Age; therefore, Page concludes (on other evidence as well) that the bronze helmet of Hector descends in oral poetry from Mycenaean times. Хектор се соблекол, ги прегрнал своите жена и син и поради неа започнал да му се моли гласно на Зевс за неговиот син да биде водач по него и да стане пославен во битка од него. Хектор и Парис поминале покрај портата и ги собрале Тројанците, предизвикувајќи пустош меѓу Грците.

Тројански противнапад

Зевс ги мерел на вага судбините на двете војски и судбината на Грците почнала да паѓа. Тројанците ги притиснале Грците кон нивните логори преку каналот и ѕидот и ќе стигнеле и до нивните бродови, ако Агамемнон лично не ги соберел Грците. Тројанците биле истерани. Паднала ноќта и Хектор решил да го преземе логорот и да ги запали бродовите следниот ден. Тројанците логорувале во бојното поле.

„Илјада логорски огнови блескаа на рамнината...“ .Iliad VIII.542ff.

Следниот ден Агамемнон ги собрал Грците и ги истерал Тројанците

„како стадо крави полудени од страв кога лав ги напаѓа...“ Iliad, XI.163ff.

Хектор се воздржал од битка додека Агамемнон да го напушти бојното поле, ранет со копје во раката. Потоа Хектор ги собрал Тројанците:

„како некоја бесна бура што ненадејно се нафрла врз морето...“

Диомед и Одисеј го спречиле Хектор, а со тоа им дале малку време на Грците да се повлечат. Но, Тројанците го нападнале ѕидот и почнале да удираат врз него. Грците во логорот се бореле со портите за да обезбедат влез за своите побегнати воини. Тројанците се обидувале да ги соборат бедемите додека Грците пуштале дожд од стрели врз нив. Хектор ја разбил портата со голем камен, ја исчистил портата и ги повикал Тројанците да се качуваат по ѕидот, што тие тоа и го направиле и

„сѐ беше врева и мешаница.“ Iliad XII.

Борбата беснеела во логорот. Хектор паднал, погоден од каменот што го фрлил Ајант, но Аполон слегол од Олимп и му дал сила на „пастирот на луѓето“, кој наредил напад со кочии, при што Аполон го расчистил патот. По многу битки, смрт, фалби, закани, епитети, стилски фигури, приказни, поезија и книги во Илијада, Хектор го заземал бродот на Протесилај и повикал за оган. Тројанците не можеле да му го донесат, бидејќи Ајант го убивал секој што ќе се обидел. На крајот, Хектор го скршил копјето на Ајант со својот меч, со што го натерал да се предаде и при тоа го запалил бродот.Iliad, XV end.

Овие настани се случувале според волјата на боговите, кои пресудиле дека Троја ќе падне и поради тоа планирале да го намамат Ахил назад во војната. Патрокле, најблискиот придружник на Ахил, маскиран во оклопот на Ахил, влегол во борба предводејќи ги Мирмидонците и останатите Ахајци да ги натераат Тројанците да се повлечат. Откако Патрокле ја победил Тројанската војска, Хектор помогнат од Аполон и Еуфорб, го убил Патрокле, фалејќи се врз него:

„Јас сум најголемиот од сите тројански воини кој го одложи денот на ропството од нив; а што се однесува до тебе, мршојадци ќе те изедат овде.“

Патрокле, кој бил на умирање, му вратил:

„...смртта и твојот суден ден се блиску...“ Iliad XVI end.

Последната борба на Хектор

Хектор го соблекол Ахиловиот оклоп од паднатиот Патрокле и им го дал на своите луѓе да го однесат во градот. Главк го обвинил Хектор дека е плашливец бидејќи не го предизвикал Ајант. Налутен, Хектор повикал да му го дадат оклопот, го облекол и ги собрал Тројанците. Зевс го сфатил облекувањето на оклопот на херојот како чин на дрскост од страна на една будала која ќе умре, но тоа само го направило да биде порешителен засега.Iliad XVII.

Следниот ден, гневниот Ахил го отфрлил бесот што го држел подалеку од борбата и ги натерал Тројанците да се повлечат назад кон градот. Хектор избрал да остане надвор од портите на Троја и да се соочи со Ахил, делумно бидејќи да го послушал Полидамант и да се повлечел со своите трупи претходната ноќ, Ахил немало да убие толку многу Тројанци. Сепак, кога го видел Ахил, тој бил преплашен и почнал да бега, а Ахил го бркал трипати околу градот. Хектор потоа го надминал својот страв и се соочил со Ахил. Но Атена, преправена како Хекторовиот брат Дејфоб, го измамила Хектор. Тој побарал од Ахил, победникот да го врати телото на другиот по двобојот, (иако самиот Хектор јасно кажал дека планирал да го фрли телото на Патрокле на кучињата), но Ахил одбил. Ахил го фрлил своето копје кон Хектор, кој го избегнал, но Атена го вратила повторно во рацете на Ахил без Хектор да забележи. Потоа Хектор го фрлил своето копје кон Ахил, кое го погодило неговиот штит, но без корист. Кога Хектор се вратил да се соочи со својот наводен брат за да добие друго копје, видел дека таму нема никој. Во тој момент, тој сфатил дека е осуден на пропаст. Хектор одлучил да продолжи да се бори и дека луѓето ќе зборуваат за неговата храброст во годините што доаѓаат; желбата да постигне вечна чест била една од најжестоките кај војниците кои живееле во тимократско (засновано на чест) општество во тоа време.

Хектор го извадил својот меч, кое сега било негово единствено оружје, и нападнал. Ахил, кој знаел дека слабата точка на неговиот стар оклоп, кој Хектор сега го носел, е на вратот, замавнал со копјето низ оклопот во грлото на Хектор, но ги промашил гласните жици. Хектор, во неговите последни моменти, го молел Ахил да добие чесен погреб. Сепак, Ахил му возвратил дека ќе ги пушти кучињата и мршојадците да го јадат Хекторовото месо. (Низ Химеровите поеми, неколку обраќања се направени кон кучињата, мршојадците и други суштества што ги јадат мртвите. Тоа може да се сфати како друг начин да се каже дека некој ќе умре.) Хектор умрел, пророкувајќи дека Ахиловата смрт ќе дојде набрзо.