Џиро д’Италија 2013 било 96. издание на Гранд Тур трката Џиро д’Италија. Започнала во Неапол и завршила во Бреша.

Екипи и возачи

Бидејќи е трка во Светската турнеја, Џиро е обврзан да ги покани сите UCI World Tour екипи и овие екипи се обврзани да испратат свој состав. На почетокот на сезоната постоеле 18 вакви екипи и организаторите на трката издале дополнителни 4 покани со што вкупниот број на екипи би изнесувал 22. Меѓутоа, го добиле спорот против губењето на нивниот статус и UCI одлучил против отстранување на некој од другите екипи, што значело дека 23 екипи ќе настапат на Џиро, нешто слично што се случило во 2011. Екипи кои ќе настапат се:

*Професионални континентални екипи поканети на трката со специјални покани.

Фаворити пред трката

Бредли Вигинс, победник на Тур де Франс 2012, потврдил дека ќе цели на Џиро во 2013. Победникот на минатогодишното издание Рајдер Хесједал се очекува да вози во одбрана на неговата титула. Винченцо Нибали најавил дека планира да вози на трката. Други можни кандидати се Самуел Санчес, Доменико Поцовиво, Микеле Скарпони, Кедел Еванс и Роберт Гесинк.

Рута и етапи

мини|„Џиро“ пристигнува на завршната точка Бреша

Целосната рута била објавена на 30 септември 2012 во Милано во присуство на некои возачи. По првпат од 2008, првите етапи на трката (вкупно осум) ќе се одржат на југот од Италија. Островот Искја исто така ќе биде домаќин на етапа по првпат во 54 години.

Во 2013, трката ќе оддаде почит на жртвите во катастрофата на браната Вајонт од 1963, но исто така и на композиторот Џузепе Верди на етапата 13 и на познатиот велосипедист и трикратен победник на Џиро Џино Бартали на етапата 9. Некои делови од рутата исто така ќе бидат идентични за возачите кои ќе настапат на Светските друмски првенства 2013 во Фиренца.

Како дел од промената на правилото од минатогодишната трка, сега на сите етапи ќе постојат временски бонуси за првите тројца возачи (20, 12 и 8 секунди соодветно). Во 2012, на етапите одредени како планински не постоеја временски бонуси. Исто така, Џиро е првата трка која вклучи два средни спринта по друмска етапа, наместо како досега по еден. Овие спринтови се бодуваат за бодовниот пласман и се добиваат бонус секунди во генералниот пласман.

+Список на етапиЕтапаДатумРутаРастојаниеВидПобедник14 мај Неапол – Неапол 130 км 22п рамна етапа 25 мај Искја – Форио 17,4 км 20п екипен хронометар 36 мај Соренто – Марина ди Ашеа 222 км 22п среднопланинска етапа 47 мај Поликастро Бусентино – Сера Сан Бруно 246 км 22п среднопланинска етапа 58 мај Козенца – Матера 203 км 22п рамна етапа 69 мај Мола ди Бари – Маргерита ди Савоја 169 км 22п рамна етапа 710 мај Сан Салво – Пескара 177 км 22п среднопланинска етапа 811 мај Габике Маре – Салтара 54,8 км 20п поединечен хронометар 912 мај Сансеполкро – Фиренца 170 км 22п среднопланинска етапа 13 мај Ден за одмор1014 мај Корденонс – Алтопјано дел Монтасио 167 км 22п планинска етапа 1115 мај Каве дел Предил – Ерто е Касо 182 км 22п среднопланинска етапа 1216 мај Лонгароне – Тревизо 134 км 22п рамна етапа 1317 мај Бусето – Кераско 254 км 22п рамна етапа 1418 мај Червере – Бардонекија 180 км 22п планинска етапа 1519 мај Чезана Торинезе – Кол ду Галибие Валоар 145 км 22п планинска етапа 20 мај Ден за одмор1621 мај Валоар – Ивреа 238 км 22п среднопланинска етапа 1722 мај Караваџо – Виченца 214 км 22п рамна етапа 1823 мај Мори – Полза 20,8 км 20п поединечен хронометар 1924 мај Понте ди Лењо – Вал Мартело 139 км 22п планинска етапа откажана2025 мај Силандро – Тре Чиме ди Лаваредо 203 км 22п планинска етапа 2126 мај Риезе Пио X – Бреша 197 км 22п рамна етапа

Поредок

На Џиро д’Италија 2013 постојат четири различни маички. Во генералниот пласман сметан преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и вклучувајќи ги временските бонуси за првите тројца на друмските етапи, предводникот ќе ја добие розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија и победникот се смета за победник на трката.

мини|лево|Некои од 48. кривини близу врвот од источната страна на преминот Стелвио

Во бодовниот пласман се доделува црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат во првите 15 на некоја етапа. За разлика од попознатиот бодовен пласман на Тур де Франс, видот на етапата нема никаква улога во бројот на бодови - секоја етапа се бодува со ист број на бодови. Победата носи 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 14, петтото 12, шестото 10, а понатаму за секое место се намалува по еден бод, сè до еден бод за 15. место. Дополнително бодови можат да се освојат на двата средни спринта на секоја друмска етапа.

Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Маичката била зелена на нејзиниот почеток, но со промената на спонзорството, бојата на маичката била промената во сина. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. Чима Копи, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија. Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1988.

Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.

Етапа ПобедникГенерален пласман25пБодовен пласман25пПланински пласман25пПласман за млад возач25пТрофеј Брза екипаТрофеј Супер екипа 1 Марк Кевендиш Марк Кевендиш Марк Кевендиш Џовани Висконти Елија Вивијани 2 Салваторе Пучо Салваторе Пучо 3 Лука Паолини Лука Паолини Лука Паолини Вилем Ваутерс Фабио Ару 4 Енрико Батаљин Џовани Висконти 5 Џон Дегенколб 6 Марк Кевендиш Марк Кевендиш 7 Адам Хансен Бењат Инчаусти Рафал Мајка 8 Алекс Даусет Винченцо Нибали Вилко Келдерман 9 Максим Белков Кедел Еванс Стефано Пираци 10 Ригоберто Уран Рафал Мајка 11 Рамунас Навардаускас 12 Марк Кевендиш Марк Кевендиш 13 Марк Кевендиш 14 Мауро Сантамброџо 15 Џовани Висконти Карлос Бетанкур 16 Бењат Инчаусти 17 Џовани Висконти 18 Винченцо Нибали Рафал Мајка 19 Откажана 20Винченцо Нибали Винченцо Нибали Карлос Бетанкур 21 Марк Кевендиш Марк Кевендиш На крај Винченцо Нибали Марк Кевендиш Стефано Пираци Карлос Бетанкур

Пласмани

Легенда   20п   Го означува предводникот во генералниот пласман   20п   Го означува предводникот во планинскиот пласман   20п   Го означува предводникот во бодовниот пласман   20п   Го означува предводникот пласманот за млад возач

Генерален пласман

ВозачЕкипаВреме 1 20п|Розова маичка 2 + 4' 43" 3 + 5' 52" 4 + 6' 48" 5 20п|Бела маичка + 7' 28" 6 + 7' 43" 7 + 8' 09" 8 + 10' 26" 9 + 10' 32" 10 + 10' 59"

Бодовен пласман

ВозачЕкипаБодови 1 20п|Црвена маичка 158 2 20п|Розова маичка 128 3 111 4 20п|Бела маичка 108 5 105 6 102 7 89 8 88 9 75 10 65

Планински пласман

ВозачЕкипаБодови 1 20п|Сина маичка 82 2 20п|Розова маичка 45 3 45 4 41 5 20п|Бела маичка 37 6 31 7 26 8 18 9 17 10 14

Пласман за млад возач

ВозачЕкипаВреме1 20п|Бела маичка 2 + 41″3 + 12' 50"4 + 21' 28″5 + 32' 55″6 + 1ч 17' 25″7 + 1ч 23' 31″8 + 1ч 28' 09″9 + 1ч 35' 26″10 + 2ч 04' 36″

Трофеј Брза екипа

МестоЕкипаВреме1254ч 34′ 25″2 + 4' 29"3 + 7' 27"4 + 10' 35"5 + 15' 58"6 + 24' 59"7 + 39' 16"8 + 55' 42"9 + 1ч 03' 24"10 + 1ч 08' 43"

Трофеј Супер екипа

МестоЕкипаБодови12812276327342685265623271968195919410181

Наводи

Надворешни врски

Детална рута Официјално промотивно видео

Категорија:Џиро д’Италија Категорија:Италија во 2013 година Категорија:Светска турнеја на UCI 2013