Академска диплома — диплома од колеџ или универзитет, често поврзана со титулата, а понекогаш поврзана и со академска позиција, која вообичаено се доделува како признание дека примателот задоволително го завршил предвидениот курс на студии или спровел научни настојувања кои го удостоиле неговиот или нејзиниот прием на диплома. Најчести дипломи денес се дипломите за вишо образование, високо образование, како и дипломите за магистерски и докторски студии. Повеќето високообразовни институции генерално нудат сертификати и неколку програми кои водат до стекнување на Магистратура за Напредни Студии, која претежно е позната како Diplôme d'етиди supérieures spécialisées под нејзиното оригинално француско име.
Преглед Современиот академски систем за академски дипломи се развивал и проширувал во средновековниот универзитет, ширејќи се насекаде низ светот како институција: "Ниту една друга европска институција не се проширила во рамки на целиот свет како што се проширила традиционалната форма на европскиот универзитет. Дипломите доделувани од страна на европските универзитети – за вишо образование, високо образование, магистерски и докторски студии - биле усвоени во најразновидните општества ширум светот."
Појава на докторски и магистерски дипломи и лиценци
Докторатот (латински: doceo, предавам) се појавил во средновековна Европа како дозвола за предавање (латински: licentia docendi) во средновековните универзитети. Неговите корени може да се проследат до раната црква кога терминот „доктор“ се однесувал на Апостолите, црковните свештеници и други христијански власти кои ја предавале и ја толкувале Библијата.. Правото за издавање на licentia docendi првично припаѓало на црквата, која барала барателот да положи тест, да даде заклетва за верност и да плати надомест. Третиот Латерански Собор од 1179 гарантирал пристап, во голема мера бесплатно, за сите способни кандидати, чија способност сепак била тестирана од страна на црковната схоластика. Ова право останало јаболко на раздорот помеѓу црковните власти и бавната еманципација на универзитетите, а било доделувано од страна на папата на Универзитетот во Париз во 1231 каде што станало универзална лиценца за предавање (licentia ubique docendi). Сепак, додека licentia продолжила да одржува повисок престиж отколку дипломата (универзитетската), таа на крајот се редуцирала со еден преоден чекор во магистратура и докторат, кои денес се ексклузивна квалификација за предавање.
На универзитетите, докторската обука имала форма на школување на занаетчиство. Традиционалното времетраење на студиите пред новите наставници да добијат признание за „мајстор на уметноста“ било седум години, исто како времетраењето за школување во другите професии. Првично термините „магистер“ и „доктор“ биле синоними, но со тек на времето докторатот почнал да се гледа како повисока квалификација од магистратурата.
Денес термините „магистер“, „доктор“ (од латински - што буквално значи: „наставник“) и „професор“ означуваат различни нивоа на академско постигнување, но во средновековниот универзитет тие биле еквивалентни термини, нивната употреба во името на дипломата била прашање на обичајот на универзитетот. (Поголемиот број универзитети доделувале Магистер на Уметност, иако највисоката диплома често се нарекувала Магистер по Теологија / Божество или Доктор по Теологија / Божество во зависност од местото).
Најраните докторски дипломи (доктор по теологија - Божество, филозофија - доктор по филозофија и медицина - доктор по медицина) е одраз на историската поделба на сите универзитетски проучувања во овие три полиња. Со текот на времето дипломата „доктор по теологија“ постепено станала поретка и студиите надвор од теологијата и медицината станале почести (таквите студии подоцна биле наречени „филозофија“, но денес се класифицираат како хуманистички науки - сепак оваа употреба преживала за дипломата Доктор по филозофија).
Универзитетот на Болоња во Италија, кој се смета за најстар универзитет во ЕвропаBrown in Italy Brown University Retrieved 2010-1-6, бил првата институција која доделувала диплома за Доктор по Граѓанско Право во доцниот 12 век, таа исто така доделувала слични дипломи во други области, вклучувајќи ја и медицината.
Универзитетот во Париз го користел терминот „магистер“ за своите дипломирани студенти, практика присвоена од англиските универзитети во Оксфорд и Кембриџ, како и античките шкотски универзитети Сент Ендрус, Глазгов, Абердин и Единбург.
Појава на универзитетската диплома
Во средновековните европски универзитети, кандидатите кои завршувале три или четири годишни студии во пропишаните текстови на trivium (граматика, реторика и логика) и quadrivium (математика, геометрија, астрономија и музика), заедно познати како Либерална Уметност, и кои успешно ги положувале испитите одржани од страна на нивните наставници, добивале признание за универзитетска диплома за уметности, од латинскиот baccalaureus, термин кој претходно се однесувал на штитоносец (односно, помошник) на витез. Понатамошното образование, како и успешното учество и модерирање на дебати, водело до здобивање на дипломата Магистер за Уметности, од латинскиот збор magister, наставник, назначувајќи го студентот кој ја добива дипломата со право да предава за овие предмети. Магистрите за Уметност имале право да влезат во студии во рамки на „повисоките факултети“ на право, медицина или теологија, и да се здобијат најпрво со универзитетска диплома, а потоа со магистерска или докторска диплома во овие предмети. Така дипломата била само чекор на патот да се стане потполно квалификуван магистер - оттука потекнува и англискиот збор „graduate“, кој е заснован на латинскиот gradus („чекор“).
Еволуција на терминологијата за дипломите
Именувањето на дипломите на крај било поврзано со проучуваните предмети. Научниците на факултетите за уметност или граматика станале познати како „магистри“, но оние во теологијата, медицината и правото биле познати како „доктори“. Бидејќи студирањето на уметност или граматика било неопходен предуслов за да се студираат теми како теологија, медицина и право, докторската диплома поседувала повисок статус од магистерската диплома. Ова довело до современа хиерархија во која дипломата доктор по Филозофија, која во својата денена форма како диплома заснована на истражување и дисертација е развиена во 18 и 19 век на германските универзитети, е понапредна диплома од магистер за Уметности. Практиката за користење на терминот доктор за докторите на науки била развиена во рамки на германските универзитети и се проширила низ академскиот свет.
Француската терминологија е тесно поврзана со оригиналните значења на термините. Baccalauréat (споредено „диплома“) се доделува на француските студенти кои успешно го завршуваат средното образование и го признава правото за студирање на универзитет. Кога студентите дипломираат на универзитет, им се доделува лиценца, слично како што се правело во средновековното образование на занаетчии, со што биле квалификувани да учат во средните училишта или да продолжат со повисоко ниво на студии. Шпанија имала слична структура: терминот „Bachiller“ се користел за оние кои завршиле средно или високо ниво на училишно образование, познато како „Bachillerato“. Стандардниот 5-годишен шпански универзитет имал диплома „Licenciado“, (иако имало неколку сродни 3-годишни дипломи наречени „diplomaturas“, при што оние што ќе се здобиеле со „diplomados“ би можеле да продолжат да учат за сродна „licenciatura“). Највисокото ниво било „доктор“.
Дипломи доделени од други институции
Во минатото, дипломите директно се издавале со овластување од монархот или од бискупот, а не преку било која образовна институција. Оваа практика претежно е изумрена. Во Велика Британија, Ламбет Дипломата сè уште се доделува од страна на Кентерберискиот Архиепископ. Правото на Кентерберскиот Архиепископ да доделува дипломи потекнува од Духовен акт од 1533 година, што му овозможува на архиепископот да доделува титули кои претходно биле доделувани само од папата.
Академска униформа
Во поголемиот број на земји, стекнувањето со академска диплома му дава право на носителот да носи специфична академска униформа карактеристична за институцијата која што ја доделува, идентификувајќи го статусот на поединецот кој ја носи.
Денешни нивоа за здобивање со диплома
Традиционално повеќе мажите отколку жените се здобивале и заработувале дипломи на универзитетите ширум светот. Пресвртница настанала во САД според резултатите од пописот во 2010, според кои жените ги надминале мажите во здобивањето со магистерски дипломи, за првпат. Пописот во САД објавил дека 10,5 милиони мажи имаат магистерска или повисока диплома, во споредба со 10.6 милиони жени. Првата година во која жените ги надминале мажите во здобивањето со универзитетска диплома била 1996 година.
Означување на заработените дипломи Постојат различни конвенции за означување на дипломите според нивното име. Во некои култури вообичаено е да се издаде само највисоката диплома. Во други, вообичаено е да се издаде целосната низа, во некои случаи исто така се додаваат и кратенки за дисциплината, институцијата и (каде што тоа е соодветно) за нивото на почести. Во друга варијација, „правилото за опфатност“ често го скратува списокот и може да ја прикрие евидентираната хронологија од целиот список. Тоа значи дека магистерската и универзитетска диплома - доделени во хронолошки редослед - се универзитетска, па магистерска. Правилото за опфатност го одразува принципот дека лицето со даден висок статус не припаѓа одделно на понизок статус. Честопати, владите ја регулираат и употребата на зборот „универзитет“ во имињата на бизнисите. Овој пристап го следи, на пример, Австралија , Обединетото Кралство и Израел. Употребата на лажни дипломи од страна на поединци, или добиени од лажна институција или едноставно измислена, често е покриена со „измамени“ закони.
За институциите членки на Здружениетп на универзитети на комонвелтот, постои стандардна список на кратенки, но во пракса се користат многу варијации. Најзначајна е употребата на латинските кратенки 'Oxon." и "Cantab." за универзитетите во Оксфорд и Кембриџ, но и покрај тоа овие биле заменети со англиските (помалку користените) "Oxf" и "Camb". Други латински кратенки се St And. за универзитетот Сент Ендрус, Exon. за Универзитетот во Ексетер, Dunelm. за Универзитетот Дурам, Ebor. за Универзитетот во Њујорк, Cantuar. за Универзитетот во Кент (поранешниот "Универзитетот на Кент во Кентербери"), N'cle за Универзитетот во Њукасл Exon' за универзитетот во Екстер Конфузијата резултира од широката примена на "SA" за Универзитетот во Јужна Австралија (наместо S.Aust.), бидејќи 'SA’ официјално била доделена кратенка на Универзитетот во Јужна Африка. За универзитетите членки на Комонвелтот од различни земји кои делат исто име, како Јорк Универзитетот во Канада и Универзитетот на Јорк во Велика Британија, конвенцијата е присвоена така што на името на универзитетот се додава кратенката на земјата. Во овој пример, "York (Can.)" и "York (UK)" најчесто се користат за означување на дипломите доделени од страна на овие универзитети.
Удвојувањето на буквите во LL.B., LL.M., LL.D. се должи на тоа што овие дипломи се во права, не во право. Двојните букви укажуваат на латинска множина (генитив случај) легум за разлика од еднина (генитив случај) легис. Кратенките за дипломите во хирургијата Ch. B. и Ch. M. се од латинскиот термин chiruguriae и често укажуваат на универзитетскиот систем создаден по шкотски модел. Комбинација на M.B. со Ch. B. произлегла од потребата студентите да се здобијат со диплома во периодот од годината кога се одржуваат ритуалите за дипломирање, поради правната неможност да се додели M.B. пред тие да бидат соодветно одобрени од страна на професионалните регулаторни тела. Така, Ch. B. се доделувала прва, а M.B. се доделувала подоцна, по регистрацијата и без церемонија. Во последно време двете се издаваат заедно и широко е разбрано дека сочинуваат една диплома.