Елвис Бајрам — македонски политичар и поранешен градоначалник на Општина Шуто Оризари. Тој е син на пратеникот Амди Бајрам. Тој во два наврати бил избран на градоначалничкото место, во 2009 кога го победил Курто Дудуш, и во 2013 кога славел победа над Неждет Мустафа.
Со името на Елвис се поврзани неколку изборни скандали, меѓу кои и физички напад врз членови на Државната изборна комисија (ДИК) за време на предизборната кампања за локалните избори во 2013.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски Роми Категорија:Градоначалници на Општина Шуто Оризари