Family Aerodrom () е заедничкото име за сите навивачи на кошаркарскиот клуб МЗТ Аеродром. Навивачката група е формирана во пролетта 1997 година како легитимен наследник на Service Crew и Пирамида-Аеродром.
Service Crew е првата организирана навивачка група која застанала зад МЗТ Аеродром во далечната 1987 година. Во времето на експанзија на тифо-движењето на Балканот се јавува оваа група која за краток период успева да изгради респектабилно име во навивачките кругови претежно истакнувајќи се по силината, инцидентите и начинот на дејствување. Инаку името „Service Crew“ е позајмено од навивачите на Leeds United.
Екипата на МЗТ Аеродром во тој период настапувала во првата југословенска лига па така со Service Crew имаат можност да се запознаат и дел останатите групи во СФРЈ.
Во 1997 година Service Crew се ребрендира. Новото име на групата е Family Aerodrom. Асоцијацијата на името е јасна – сите во Аеродром се однесуваат како да се едно семејство, без разлика на годините или пак нешто друго. Тоа се години во кои клубот е во најголема експанзија бележејќи ги најголемите успеси на мак-баскетот на европската сцена. Јане Сандански стана неосвоива тврдина за екипи од европскиот крем како Реал Мадрид, Порто, Улм и Бенфика, а навивачите биле едни од најзаслужните за тие подвизи. Нешто подоцна МЗТ Аеродром почнува да бележи послаби резултати но многу парадоксално бројноста на трибините станува сè поголема. На 31 март 2007 година била прославена 10-годишнината од активноста на групата. На роденденот биле присутни сите оние што биле дел од трибината па така покрај кореографијата, пиротехниката и паролите, групата се претстави со дотогаш незабележана бројност.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Кошаркарски навивачки групи во Македонија Категорија:КК МЗТ Скопје Категорија:Појавено во 1997 година во Македонија