Гаутенг Површина 18,178 км² Население 12.272.263 Јазици: зулу (21,5%)африканс (14,4%)сото (13,1%)англиски (12,5%) Раси: Црнци (73,8%)Белци (19,9%)Обоени (3,8%)Азијци (2,5%) Главен град: Јоханесбург Најголем град: Јоханесбург Премиер: Мбхазима Шилова(АНК) Местоположбата на Гаутенг

Гаутенг е покраина во Јужноафриканската Република. Покраината е формирана од делови на старата покраина Трансвал по првите слободни избори (за сите раси) на 27 април 1994. Оваа покраина прво била именувана како Преторија-Витватерсранд-Веренигинг, а прекрстена е во Гаутенг во декември 1994.

Гаутенг се наоѓа во срцето на Хајвелд. Тој е најмалата покраинаво ЈАР со само 1.4% од вкупната копнена површина, но е доста урбанизирана и има 12,272,263 жители, што ја прави втора најголема, по Натал.

Името „Гаутенг“ доаѓа од сотскиот израз која значи место со злато, а се однесува на успешната индустрија со злато која датира од пронаоѓањето на злато близу Јоханесбург во 1886 г.

Најјужната граница на Гаутенг е реката Вал која го дели од Фристејт, а исто така граничи и со Северозападната покраина, Лимпопо и Мпумаланга. Од административна гледна точка, Гаутенг е поделен на 3 метрополитенски општини и 3 областни општини (кои се поделени на 8 локални општини).

Категорија:Покраини во ЈАР

Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година