Мпумаланга Површина 79,490 км2 Население 3,122,994 Јазици: Свати (30,8%)зулу (26,4%)ндебеле (12,1%)сепеди (10,8%) Раси: Црнци (92.4%)Белци (6.5%)Обоени (0.2%)Азијатци (0.2%) Главен град: Нелспруит Најголем град: Нелспруит Премиер: Табанг Макветла(АНК) Местоположбата на Мпумаланга

Мпумаланга (чиешто географско преименување од Источен Трансвал се случи на 24 август 1995) е покраина во ЈАР. Името значи "место каде што изгрева Сонцето" на јазикот Зулу. Мпумаланга лежи во источна ЈАР, северно од Натал и граничи со Свазиленд и Мозамбик. Таа е 6.5% од вкупната површина на ЈАР. На север граничи со Лимпопо, а на запад со Фристејт и Гаутенг. Главен град е Нелспруит. До 1994 Мпумаланга беше дел од покраината Трансвал.

Змејските Планини ја делат Мпумаланга на западна половина која се состои главно од тревни површини, опфатени со името Хајвелд и источна половина која се наоѓа на ниска алтитуда. Јужната половина на Кругерскиот национален парк е сместена во источната половина на Мпумаланга.

Категорија:Покраини во ЈАР

Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година