Полска еја () — граблива птица од потсемејството на еите (Circinae) од родот на јастребите. Се размножува низ северните делови на северната полутопка, односно во Северна Америка, Канада и северна Евроазија. Ја има и во Македонија. Овој вид е политипичен, со два подвида.
Преселничка е кон појужните краишта зиме. Евроазиските птици се селат кон јужна Европа и јужна умерена Азија, а американските во јужни САД, Мексико и Средна Америка. Некои птици, што живеат во умерените краишта на Франција, Велика Британија и јужни САД, може да бидат резидентни преку целата година.
Опис
Полската еја е долга 41-52 смdel Hoyo, J. Elliott, A. and Sargatal, J. Handbook of the Birds of the World Volume 2: New World Vultures to Guineafowl. Lynx Edicions, Barcelona со распон на крилјата 97-122 см. Половите се разликуваат, мажјаците тежат 290-400 г., а женките 390-750 г. Освен стандардни мерки, полската еја има должина на крилото 32.8 до 40.6 см, опашката му е долга од 19.3 до 25.8 см, а стапалото 7.1-8.9 см. Од грабливците, оваа птица има најдолги крилја и опашка во Северна Америка.
Мажјакот од номинираната раса, C. c. cyaneus (Linnaeus, 1766), кој се размножува во Европа и Азија, е претежно сив одозгора и бел одоздола, освен горниот дел од градите кој е сив како горните делови и под опашката каде е бел; крилјата му се сиви со црни краеви. Женката е кафеава, со бело на коренот на опашката. Одоздола се кремави избраздени со кафеаво. Младенчињата се слични со женката.
Расата C. c. hudsonius (Linnaeus, 1766) која се размножува во Северна Америка понекогаш се смета за посебен вид, C. hudsonius.Ferguson-Lees, J., & Christie, D. A. (2001). Raptors of the World. Christopher Helm, London ISBN 0-7136-8026-1. Перјето на мажјакот е потемно сиво, а на женката потемно кафеаво и попувкасто. Понекогаш, оваа еја има прекар „сив дух“ заради впечатливото перје и аурата на главата.
Женката се огласува со свиркачко пиии-их кога прима храна од мажјакот, а кога е во тревога испушта звук како чит-ит-ит-ит-ит-ит-ит. Повикот на мажјакот е чек-чек-чек, со поедро чук-ук-ук-ук за време на додворувачкиот лет.
Поведение Полската еја е средно голема граблива птица која живее во ридови, мочуришта, бари, прерии, ливади, крајбрежја и други отворени предели. Гнездото го градат на земја или на куп кал и вегетација. Изградено е од гранки, а внатре послано со трева и лисје. Несат 4-8 (ретко 2-10) белузлави јајца. Јајцата се 47х36 мм големи.Baicich, P., C. Harrison. 1997. A Guide to the Nests, Eggs, and Nestlings of North American Birds. New York City, New York, USA: Academic Press ISBN 0120728311. Ова е единствен познат вид од грабливците кој практикува полигинија - еден мажјак се пари со повеќе женки. Додека се инкубираат јајцата, женката лежи на нив додека мажјакот ѝ носи храна, нејзе и подоцна на пилињата. Забележано е повеќе од пет женки да се парат со еден мажјак во сезона.Northern Harrier, Life History, All About Birds – Cornell Lab of Ornithology. Allaboutbirds.org. Посетено на 2012-08-23. Мажјакот просечно држи 2.6 км2 територија, а може да опфаќа територија од 1.7 до 150 км2.Macwhirter, R., K. Bildstein. 1996. Northern Harrier. The Birds of North America, 210: 1–25. Јајцата ги лежи претежно женката 31-32 дена. Мажјакот помага при хранењето на пилињата, но не ги чува повеќе од 5 минути. Тој всушност ѝ ја носи храната на женката, па таа им ја дели на пилињата. Пилињата се оперјуваат на возраст од 36 дена, а стануваат возрасни на 2 години женките, на 3 мажјаците.
Зиме, полската еја е птица на отворената земја, понекогаш создавајќи колонии заедно со малиот сокол и блатната еја.
Лов и исхрана Полската еја е типична грабливка што лови со долгите крилја во плитка V позиција и низок лет. Претежно лови мали цицачи.Ryser, F. 1985. Birds of the Great Basin: A Natural History . Reno, Las Vegas: University of Nevada Press ISBN 087417080X. Но, тие ловат и птици, исто така. Најчесто врапчевидни, но и мали бекасови, како и младенчињата од кокошковидните. Во исхраната повремено вклучуваат водоземци, особено жаби, како и влекачи, инсекти и др. Поголем плен, како зајаци и патки, кога ќе ги уловат ги дават во водата пред да ги јадат. Полската еја лови така што го изненадува пленот летајќи многу ниско до земјата на отворените простори, лебдејќи над полињата и ридовите. Прво кружи и ја надлетува областа неколкупати, наслушнувајќи и набљудувајќи. Ејата го користи слухот за пронаоѓање на пленот, зашто имаат особено силен слух за дневна грабливка, а тоа е во контекст на нејзината сличност во фацијалниот диск со утовите. Оваа еја е многу гласна додека прелетува преку областа за лов.
Смртност и конкуренција
Нема многу информации за животниот век на полската еја. Познато е за една дека живеела 16 години и 5 месеци. Како и да, возрасните ретко живеат подолго од 8 години. Смртноста во младата возраст е поврзана со грабливците. Јајцата им ги крадат ракуни, творови, јазовци, лисици, кучиња и сл. Пилињата, исто така, се подложни на грабливците, особено од страна на утовите.Wheeler, B., W. Clark. 1995. A Photographic Guide to North American Raptors. San Diego: Academic Press Inc ISBN 071366763X. Ако се приближи потенцијален грабливец, обата родитела агресивно реагираат, вклучувајќи силни повици и удирајќи со канџите. Блатниот був е природен непријател на полската еја, кој има исто ловиште и иста животна средина, како и многу сличен начин на размножување. Понекогаш се случува двете птици да се борат додека едната не ѝ го украде пленот на другата, практика позната како клептопаразитизам. Почесто еите се агресорите кои го грабнуваат пленот од бувот.Short-eared Owl – Asio flammeus – Information, Pictures, Sounds. Owlpages.com (2012-08-12). Посетено на 2012-08-23.
Статус Овој вид има широк опсег, со глобална распространетост на 1–20 милион км², и популација од 1.3 милони единки. Иако има докази за благ пад на популацијата, сепак спаѓаат во категоријата на најмала загриженост.
Врски со луѓето Во некои делови на Европа се верува дека ако се види полската еја качена на куќа, таму ќе умрат тројца. Или, посреќно верување, некои домородни американски народи веруваат дека ако видат полска еја на денот од свадбата - ќе имаат долг и среќан брак. За разлика од многу грабливки, оваа еја, историски се фаворизирала од страна на земјоделците бидејќи ги јадат потенцијалните крадци на јајца, глувците и другите штетници. Понекогаш се нарекувани „добри јастреби“ зашто не претставуваат никаква закана за живината, како некои други јастреби.
Наводи
Надворешни врски
Cornell Lab of Ornithology: Northern Harrier Field Guide Page on Flickr Range in Iran Ageing and sexing (PDF; 4.3 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze
Категорија:Птици на Македонија Категорија:Јастреби Категорија:Еи Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј