thumb|Биста на Лиман Каба во Дебар Лиман Каба (Дебар, 1924 - Банова Јаруга, Славонија, 17 април 1945) бил учесник во НОВ, народен херој на Југославија.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 655 стр.

Животопис Лиман Каба е роден во Дебар, во многудетно сиромашно семејство.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 205 Откако завршил основно училиште во Дебар, по Априлската војна (1941) учел во гимназијата во Приштина, каде што дејствувал и на организирањето на антифашистичката младина, поради што двапати бил апсен (во 1942 година).

Учество во НОБ Избегал од Приштинскиот затвор и се вратил во Дебар, дејствувајќи како организатор на народноослободителното движење. Неговата куќа била центар за илегалните партиски состаноци на активистите на КПЈ и во нивната куќа Кузман Јосифовски - Питу го формирал Месниот комитет на КПЈ во Дебар.

Од економски причини, во февруари 1943 отишол во Тирана. Во мај истата година станал борец на албанскиот партизански одред „Дајти“. Извесно време со партизанската единица престојувал во Дебарско и на теренот на Пешкопеја.

По капитулацијата на Италија (на 8 септември 1943) пристигнал во слободниот Дебар и бил назначен за заменик политички комесар на чета при Командата на градот, а потоа при формирањето стапил во Четвртата македонска (албанска) бригада (26 август 1944). Подоцна истата година бил примен за член на КПЈ. Како заменик политички комесар на баталјон на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ загинал во борба со четнички сили на Сремскиот фронт во западна Славонија.

На 8 октомври 1953 година е прогласен за народен херој на Југославија.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 209

Поврзано

Селија Каба Адивије Каба Неире Каба

Литература Садо Хаме, „Лиман Каба“, Скопје, 1978 (на албански)

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски Албанци Категорија:Луѓе од Дебар Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Родени во 1924 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија