Њујорк Ред Булс е американски професионален фудбалски клуб со седиште во Харисон, Њу Џерси, кој ја претставува Њујоршката метрополитенска област. Тимот се натпреварува во источната конференција во МЛС лигата. Тимот е еден од десетте чартер клубови на МЛС, откако се натпреварува во лигата од своето основање. Тие се едни од основачите на МЛС (во 1996), но клубот поминал низ неколку промени на името. Клубот првично бил познат како Њујорк / Њу Џерси Метростарс до 1997 година. Од сезоната 1998 до сезоната 2005, клубот бил познат како Метростарс. На 9 март 2006 година, тимот бил продаден на Red Bull GmbH, што доведува до сегашното име на тимот.
Тие се само оригинална МЛС франшиза и досега немаат освоено никакви значајни трофеи (вклучувајќи ги регуларниот дел од сезоната, плејофот, и нокаут конкуренцијата) од почетокот. Најдобриот резултат на клубот во една МЛС сезона било достигнувањето до финалето на МЛС Купот во 2008 година. Во ЈУЕС Опен купот, Метростарс стигнал до полуфиналето трипати (1997, 1998, 2000), пред да стигне до своето прво финале во 2003, каде биле поразени со 1-0 од Чикаго Фајр. На 26 август, 2000, играчот на Метростарс Клинт Матис поставил рекорд во МЛС постигнувајќи пет гола на еден натпревар против Далас Брн.
Некои добро познати играчи кои играле за клубот се: Џовани Саваресе, Тим Хауард, Тони Меола, Теб Рамос, Алекси Лалас, Клинт Матис, Жози Алтидор, Мајкл Бредли, Клаудио Реина, Еди Поуп, Роберто Донадони, Лотар Матеус, Адолфо Валенсија, Јури Џоркаеф, Амадо Гевара, Хуан Пабло Анхел, Тјери Анри, Жунињо Пернамбукано, Јан Гунар Соли, Тим Рим, Рафаел Маркез и Тим Кејхил. Тимот исто така имал добро-познати тренери, вклучувајќи ги Карлос Кеирош, Карлос Алберто Пареира, Бора Милутиновиќ, Боб Бредли, Мо Џонстон, Брус Арина и Ханс Баке.Arena named Red Bulls sporting director, coach Press release via Red Bull New York official siteArena joins Red Bulls; coach cautious about U.S. team article via Soccernet
Историја Оригиналното име на клубот било Емпајр Фудбал Клуб, која го добила името по најголемата групата на навивачи на тимот, Емпајр Сапортерс Клуб. Официјални сопственици на клубот биле Џон Клуге и Стјуарт Саботник Најк сакале целосното име да биде Метрофлеш, но било избрано името Метростарс.
Теб Рамос, првиот играч кој потпишал со МЛС, станал првиот Метростар, а наскоро кон него биле придодадени и тимскиот колега од репрезентацијата на САД на Светското првенство 1994 Тони Меола и поранешната ѕвезда на Милан, играчот од средниот ред Роберто Донадони. Играчот кој настапувал на Светското првенство 1990, Питер Вермес бил прогласен за прв капитен на тимот, но тоа било претходно пред во клубот да дојде непознатиот венецуеланец Џовани Саваресе кој станал првата ѕвезда на Метростарс. Првиот тренер на тимот бил Еди Фирмани.res = 9804EEDC1439F936A35751C0A960958260 Италијанската ѕвезда потпиша со Метростарс статија преку Њујорк тајмс
Моментални играчи
Титули MLS Supporters' Shield Победник (3): 2013, 2015, 2018
останати успеси МЛС куп : вицешампиони 2008 ЈУЕС Опен куп : вицешампиони 2003
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место MSG Network Red Bulls страница
Њујорк Ред Булс Њујорк Ред Булс