мини|десно|300п|„Дворска дама како штима лејта“ од Џоу Фанг Џоу Фанг (; ~ 730-800) — влијателен кинески сликар од времето на династијата Танг. Живеел во VIII век во престолнината Чанган (подоцна Сиан). Бил благородник, претставувајќи го дворскиот живот на дела како „Дворски дами како се китат со цвеќе“, „Дворска дама со слуги“ и др. Во работата попримил влијанија од јасниот и подробен стил на Гу Кајџе и Лу Танвеј — ликовни творци од времето на Шесте династии.

Ликовниот критичар Џу Џинг Сјуен малку подоцна за Фанговите дела ќе рече: „Делата на Џоу Фанг како неговиот Буда, небесните суштества, ликовите, и сликите со убави жени — сите тие се неверојатни ремек-дела.“

Поврзано

Џанг Сјуен — друг важен дворски сликар од времето на династијата Танг

Наводи „Вештите сликари на дворски дами“ — Осврт кон делата на Џоу Фанг и Џанг Сјуен

Категорија:Кинески сликари Категорија:Луѓе од времето на династијата Танг Категорија:Родени во 730 година Категорија:Починати во 800 година