Свети Никола — македонски православен храм во селото Осинчани. Се наоѓа на самиот влез на селото од северната страна. Околу неа постојат стари дабови дрвја. Црквата е поставена во правец север-југ во должина околу 5, а широчина 3 метриТрифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.150. Во минатото сè до нејзиното возобновување во поново време, таа била црквиште чии рушевини и остатоци од ѕидовите биле изградени од кршен шкрилец и гнили дрвени стеги. Според верувањата на селаните оваа црква била „римска“, како и гробовите околу нејзе, во кои биле наоѓани „римски пари“.
Галерија
Наводи
Категорија:Осинчани Осинчани