Маж на изнајмување (шпански: Marido En Alquiler''') е Американска теленовела од 2013 година од Телемундо. Серијата започна да се емитува на 10 јули 2013 година. Глумечката екипа е составена од Соња Смит, Марица Родригес, Хуан Солер и Габриел Коронел.
Синопсис
По мистеризоното исчезнување на нејзиниот сопруг при една морска пловидба, Гриселда е подготвена да направи сè што е потребно за опстанокот на нејзиното семејство. Станува мајстор, врши работи невообичаени за една жена. Скромна и вредна, Гриселда е горда на својата работа, покажувајќи им на другите луѓе како со чесна работа и почитување на вредностите може да се обезбеди среќен и пристоен живот. Еден од нејзините синови стапува во врска со ќерката на Тереса Кристина, богата, елегантна и површна жена. Тереса е згрозена од самата помисла нејзината ќерка да се омажи за момче од пониската класа, па и покрај противењето од страна на нејзиниот сопруг Рејналдо, Тереса постојано изнаоѓа начини како да ги понижи Гриселда и нејзиниот син. Но, многу набрзо, животот на Гриселда целосно се менува, откако ќе освои поголема сума пари на игра на среќа.
Улоги Глумци Ликови Соња Смит ГриселдаХуан Солер Рејналдо Марица Родригес Тереса КристинаГабриел Коронел АнтониоКимберли Дос Рамос ПатрисијаРоберто Манрике Кике Рикардо Чавес ГабриелПабло Азар РафаелДаниела Наваро БарбараХосе Гуљелмо Кортинес МаксимоГабриел Валенсуела ФернандоПауло Кеведо Хуан Пабло ПалмерСандра Дестенаве Естер Салас де ПалмерСол Родригес Сол ПорасАдриана Лават Марсела
Категорија:Телемундо Категорија:Теленовели