Проф. д-р Блажо Боев — ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип почнувајќи од 2015 г. кога е унапреден од звањето проректор за наука на истиот. Своите факултетски студии ги завршил на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитетот во Белград. На овој факултет, на Одделот за петрологија, минералогија и биохемија ги завршил и магистерските студии. Своите докторски студии во истата оваа област ги завршил на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Во своето работно искуство работел во „ФЕНИ“ – Кавадарци, а од 1986 година е вработен на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во 2007 година, проф. д-р Боев е професор на Факултетот за рударство, геологија и политехника - Штип.

Наставните области Официјално мрежно место на проф. д-р Блажо Боев - „Настава“ на проф. д-р Боев се геологија, петрологија, минералогија, геохемија и геохемија на средината. Тековни проекти

„Минерали од Македонија - минералошка карактеризација“; „Арсен и талиум во почвите на Република Македонија“.

Реализирани проекти

„Оцена на потенцијалноста на талиумските минерали од Алшар“. „Минерали од Македонија - минералошка карактеризација“. „Геохемиски и минералошки особености на никлоносните руди во Македонија“. „Геохемија и изотопна геохемија на перидот од внатрешниот динарски офиолитски појас во Република Македонија“. „Антропогените ефекти во терциерните басени во медитеранскиот регион“

ТЕМПУС проект „Преструктурирање на наставните планови и програми на РГФ“ - Штип.

Објавени научни и стручни трудови

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на проф. д-р Блажо Боев Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки - Штип Репозиториум на УГД Електронска библиотека на УГД

Категорија:Професори на УГД Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Петролози Категорија:Македонски минералози Категорија:Македонски геохемичари