Џорџ Велшки (); полно име: Џорџ Александар Луис (George Alexander Louis); р. ) — син на британскиот престолонаследник Вилијам, Принцот од Велс и неговата сопруга Катерина, принцезата од Велс, внук на кралот Чарлс III и неговата прва сопруга, покојната Дијана, принцеза од Велс. Принцот Џорџ е втор во редот на престолонаследници по, татко му Вилијам.
Раѓање Принцот е роден на 22 јули 2013 г, во болницата „Сент Мерис“ во Лондон, каде се родени татко му, Принцот Вилијам и чичко му Принцот Хари.
Раѓањето било означено со почесна стрелба во Бермуда, Лондон, Нов Зеланд и Канада;. Покрај ова, во чест на раѓањето е одзѕвонета камбанаријата на Вестминстерската опатија и разни други цркви, а во земјите на Комонвелтот се осветлени разни знаменитости во сина боја, за да се означи раѓањето на машко дете.Kate Middleton Gives Birth Royal Baby Boy Lightning Strikes London Eye Daily Mail UK,
Како подарок за новородениот принц е искомпонирана пригодна приспивна песна насловена како Sleep On со музика на велшкиот композитор Пол Мелор и текст на ирскиот композитор Брендам Греам, а во снимена изведба на новозеландската пејачка Хејли Вестенра.
Со раѓањето на принцот Џорџ се јавува ситуација семејството да има три поколенија на престолонаследници. Вакво нешто последен пат се случило во 1894 и 1901 г, во последните седум години од владеењето на кралицата Викторија.
Принцот ѝ припаѓа на династијата Виндзор, а со тоа по таткова линија и член на династиајта Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург.
Поврзано Шарлота Велшка — сестра на Џорџ Британско кралско семејство Наследен редослед на британскиот престол
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Виндзорска династија Категорија:Луѓе од Лондон Категорија:Живи луѓе Категорија:Британски принцови