Планинската тресиопашка () е мала птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae). Видот е сличен на жолтата тресиопашка, но жолтото на долните делови е ограничено само на грлото и задникот. Во сезоната на размножување, мажјаците имаат црно грло. Видот е широко распространет, со неколку популации низ Европа и Азија кои се селат во тропските предели на Азија и Африка. Вообичаено можат да се видат на отворените мочурливи места, каде одат сами или во пар по земјата и ловат инсекти. Како и другите птици од ова семејство и овој вид ја тресе својата опашка, лета ниско со брзи свртувања и има остар повик, најчесто во лет.

Таксономија и систематизација Планинската тресиопашка за првпат била опишана од Мармадук Танстел во неговата „Орнитологија британика“ од 1771 година.

Односите на овој вид не се доволно расветлени; припаѓа на неафриканскиот клад тресиопашки кои се малку конфузни во надворешната морфологија и мтДНК. Овој вид најверојатно е најблизок до цитронската тресиопашка и подвидот со сина глава од жолтата тресиопашка, но точната поврзаност е нејасна.

Опис

Оваа вита тресиопашка има права бела линија над окото и скршен престен околу очите. Горните делови ѝ се сиви и во контраст со жолтото кај задникот и белите долни делови. Мажјакот во сезоната на парење има црно грло кое е обрабено со бели линии како мустаќи. Тие пасат крај бреговите на мочуриштата сами или во пар. Ги користат и камењата и гранките од дрвјата за перчење. Имаат јасен остар повик, а пеењето им е содржано од црцорења.

Распространетост и живеалиште

Птицата е широко распространета низ палеарктичкиот регион и има неколку добро забележани популации. Номинираната форма (вклучувајќи ја и caspica од Иран, Турција и Кавказ) е од западна Европа, со Британија, Скандинавија и Средоземјето. Расата melanope, која не е целосно издвоена како подвид е опишана како популација која се размножува низ источна Европа и Средна Азија, претежно од Урал, Тјан Шан и Хималаите. Зимуваат во Африка и Азија. Расата robusta се размножува во североисточните делови на Азија и Сибир, проширувајќи сè до Кореја и Јапонија. Овие зимуваат во југоисточна Азија. Островските форми ги вклучуваат: patriciae на Азурен Брег, schmitzi на Мадејра и canariensis на Канарски Острови.

Понекогаш се среќаваат на островите кај западна Алјаска и заскитуваат до Калифорнија на југ.

Поведение

Сезоната на размножување им трае од април до јули, а гнездата ги сместуваат во близина на брзи потоци или реки, на насипи од камења или меѓу корења. При додворувањето, мажјакот прави кратки летови нагоре и полека, размавтано се спушта надолу испуштајќи серија чипови високи ноти. Во Европа, гнездта често се направени во дупки од човечки структури. Леглото содржи 3-6 испрскани јајца, и може да имаат повеќе легла, но секое наредно има помалку јајца. Вообичаената големина на леглото во Ирска е 5 јајца со успешност од 80%. На Канарските Острови леглата се помали, а сезоната на парење не е толку кратка и точно определена. Инкубацијата трае околу две недели и уште толку за оперјување на пилињата. Живеат најмногу 8 години во дивина.

Овие птици се хранат со различни водени безрбетници, вклучувајќи муви, водни цветови, бубачки, ракови и школки. Тие често „пасат“ долж патишата зимно време, одлетувајќи со остар повик чи-чип, но по извесно растојание повторно се враќаат на истото место на хранење.

Зимно време се собираат во мали јата. Тие се враќаат на истите места секоја зима, понекогаш во градските градини.

Наводи

Надворешни врски

Grey Wagtail videos, photos & sounds Grey Wagtail (schmitzi) Ageing and sexing (PDF; 0.97 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Птици на Македонија Категорија:Тресиопашка