Вупертал (гер. Wuppertal) — град во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Поседува регионална шифра (AGS) 5124000, NUTS (DEA1A) и LOCODE (DE WUP) код. Тој е стопански, индустриски, културен и универзитетски центар на својот регион. Градот лежи на брегот на реката Вупер.
Се наоѓа јужно од Руската област, во географскиот регио Рајна-Рур, околу 30км источно од Деселдорф, 40км североисточно од Келн, и 23 километри југоисточно од Есен.
Градот има 356,000 жители, по што е седумнаесетти најголем германски град, а седми по големина во Северна Рајна-Вестфалија.
Географски и демографски податоци мини|лево|Положбата на градот во регинот Рајна-Вестфалија Градот се наоѓа на надморска височина од 101 до 350 метри. Површината на општината изнесува 168,4 км2. Во самиот град според проценките од 2010 година живееле 351,050 жители. Просечната густина на населението изнесува 2,085 жители на км2.
Занимливости мини|лево|Висечката железница во Вупертал Во Вупертал се наоѓаат преку 4.500 објекти под заштита на државата. Поголемиот дел е од периодот на класицизмот, арт нуво и баухауса.
Родната куќа на Фридрих Енгелс денес е еден од градските музеи.
Играчкиот театар во Вупертал, под раководство на Пин Бауш е истакната културна институција, која настапувала низ целиот свет.
Од 1901 година, во градот постоела висечка железничка линија (Wuppertaler Schwebebahn). Таа е поставена 8 метри над градските улици и 12 метри над реката Вупер.
Надворешни врски Официјално мрежно место на општината Германски сојузен завод за статистика Стална конференција на градови и општини -{KommOn }- - Информациски систем на градови, општини и окрузи План на населението на мапи(-{Mapquest}-)
Наводи
Категорија:Градови во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Рајнска покраина Категорија:Универзитетски градови во Германија Категорија:Безокружни градови во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Рајнска област Категорија:Населени места основани во 1929 година