Модриот дрозд () е птица од семејството на муварчињата (Muscicapidae), која порано беше сместена во семејството на дроздовите (Turdidae).

Распространетост Оваа птица се размножува низ јужна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, северозападна Африка, како и од Средна Азија до северна Кина и Малезија. Европските, северноафриканските и јужноазиските птици обично се постојани жители, ако се изземат преселбите на кратки растојанија (од повисоките во пониските предели и сл.), а останатите азиски популации се преселници, кои зимуваат под Сахара, во Индија и југоисточна Азија. Овие птици се ретки посетители на северна и западна Европа.

Опис Големината на овие птици е колку сколовранците. Имаат должина од 21 до 23 см и имаат долг, тенок клун. Мажјакот, летно време е непогрешлив со своите модри пердуви на горниот дел, вратот и главата, темните крилја и ’рѓапортокалов стомак. Женките и младенчињата не се толку живописни, тие се темнокафеави одозгора и светлокафеави одоздола. И кај двата пола, на горниот дел од опашката го нема портокаловото како кај карпестиот дрозд. Поведение Пеењето на модриот дрозд е слично како на карпестиот, чисто, мелодично, но е погласно. Животната средина на оваа птица се отворените планински предели, обично малку повисоко од карпестиот дрозд. Се храни со широк спектар инсекти и мали влекачи, а по потреба и со бобинки и семиња. Гнездото го прави во шуплините на карпите и гребените. Обично несат 3-5 јајца. Во културата Модриот дрозд е национална птица на Малта и ја имаше на малтешката 1 лира, која беше дел од претходната валута на земјата.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Blue Rock Thrush videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection Blue Rock Thrush from Turkey Ageing and sexing (PDF; 1.7 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Дроздови Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј