Наградата „4 ноември“ која ја доделува Општина Битола по повод Денот на ослободувањето на градот Битола е највисоко општинско признание кое се доделува од 1958 година, а од 2002 година е воведена и награда за животно дело. Се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на општината, Република Македонија и светот. Наградата за едногодишно остварување се доделува на правни и физички лица, додека пак, наградата за животно дело се доделува само на едно физичко лице.
Добитници на наградата за животно дело 2002 - Тоде Ивановски (ликовен уметник) http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/358312/ 2003 - Коста Хаџи Антоновски (ликовен педагог) 2004 - Јоана Поповска (глумица) 2005 - Владимир Костов (писател) 2006 - Петар Стојковски-Бабец (актер) 2007 - Ѓорги Димовски-Цолев (историчар) 2008 - Љубо Трифуновски (диригент) 2009 - Јане Димулковски (лекар) 2010 - Димитар Котевски (лекар) 2011 - Архимандрит Партениј Фидановски (игумен на Бигорскиот манастир)http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=feljton&action=details&record_id=139 2012 - Љубиша Георгиевски (режисер) 2013 - Александар Стерјовски (историчар) 2014 - Вера Стојчевска-Антиќ (писателка).http://bitolskivesnik.mk/bitolski-vesnik-dobitnik-na-4-noemvriskata-nagrada/ 2015 - Ѓорги Здравев (музички педагог). 2016 - Милица Шперовиќ-Рибарски (пијанист и основач ИФК „Интерфест“) http://sitel.com.mk/nagradata-zhivotno-delo-na-opshtina-bitola-za-milica-shperovikj-ribarski 2017 - д-р Трајко Огненовски (професор по книжевност и лингвист) 2018 - Виолета Томовска (пејачка) 2019 - Благој Стефановски-Баге (глумец) 2020 - Петар Георгиев-Калица (композитор) 2021 - Петар Мирчевски (глумец) 2022 - Петар Ставрев (новинар) 2023 - Димче Миновски (новинар) 2024 - Борис Чоревски (глумец) 2025 - Панде Петровски (сликар)
Добитници на наградата за едногодишно остварување 2025 Игор Трајковски - Фоја - од областa на културата и образованието Мартин Мирчевски (глумец) - од областa на културата и образованието Дарко Секуловски - од областa на културата и образованието Основно училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ - од областa на културата и образованието
2024 Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола Сајтиро - претпријатие од Битола Борис Чоревски - глумец во Народен театар (Битола) - Награда за животно дело Биљана Стојановска–Ѓуриќ - лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска Вања Атанасовски - триатлонец Бранислав Ангеловски - ракометен тренер
2023 Јован Стефановски – научен работник, самостоен истражувач Здружение на пијанисти и музички педагози „Пијано“ - Битола Гордана Петров–Такец – писателка, поетеса Фанче Л. Јошевска – писателка, наставничка НУ Народен театар - Битола
2022 Оливера Бикова Благој Мицевски Сефедин Бајрамов Божидар Божиновски Маријан Бошевски
2021 Наградата не е доделена.
2020 Димитар Митревски и Благојче Тодоровски – меѓународен судиски пар Лидија Тфирст Митревска, директор на ЈОУДГ Естреја Овадија Мара Македонското научно друштво – Битола доцент д-р Владимир Рендевски – специјалист неврохирург Панде Димитровски, автор на проектот „Незаборав“
2019 Васко Михалчев, пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, кој е предложен заради значаен придонес со своето учество во гаснење на повеќе од 90 настанати пожари, од кои само во еден месец имало повеќе од 45 пожари. Ѓорѓи Лазаревски, педагог, заради остварувањата и неговата активност во полето на литературата во изминатата година, посебно за неговите издадени две книги „Педагошко-психолошката служба во Битола и Битолско (1973-2018)“ и „Шепотот на пелагониските села“. д-р Јасмина Буневска Талевска, заради нејзините достигнувања и признанија добиени на европско ниво, а како резултат на вложениот труд, работа и ентузијазам на полето на подигнувањето на сообраќајната безбедност, култура и подвижност. Печатницата „Киро Дандаро“, го добива признанието како успешна компанија која не само во Битола туку и на европско тло опстојува како бренд повеќе од 70 години. м-р Марија Младеновска-Димитровска, психолог, заради нејзините достигнувања во областа на психологијата и успешното претставување на Општина Битола и Македонија на 16. Европски конгрес за психологија каде го изложи својот истражувачки труд на Московскиот државен универзитет Ломоносов. Марија Росенгрен, хуманист, заради остварувања од областа на хуманоста. Има направено повеќе хуманитарни дела, донации во училиштето Ѓорѓи Сугарев, во Заводот „Кочо Рацин“, во битолската болница и други. Градинката „Мајски цвет“ ќе го добие признанието заради достигнување во областа на социјалната заштита, организирање повеќе обуки, работилници, како и ментор на студентите од прва година на Педагошкиот факултет во Битола.
2018 годинаДоделени 4-ноемвриските награди во Битола на семережното место на телевизија Тера доцент д-р Александар Литовски - за достигнувања во областа на литературата Јован Василев - за неговите достигнувања во спортот како претседател на женскиот ракометен клуб Пелистер проф. д-р Иван Додовски - за неговите достигнувања во областа на науката и културата
2017 година д-р Васо Радивоевиќ - за достигнувања од областа на здравствената заштита Драган Најденовски - самостоен ликовен уметник, за неговата огромна ангажираност на полето на ликовниот живот во Битола Менка Николовска - за остварувања од областа на хуманоста и филантропијата
Претходни години Доделени се повеќе од 300 награди меѓу кои и на: Организација на жени на Општина Битола СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола, 1975 Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“ НУУБ „Св. Климент Охридски“ ХО „Самарјанин“ Фабрика „Цермат“ Огнен Дранговски Болница „Плодност“ д-р Вангел Тодоров д-р Зоран Пејковски
Наводи
Категорија:Македонски општински награди Категорија:Општина Битола