Corynebacterium diphtheriae претставува Грам позитивна патогена бактерија, без спори, флагели и капсула. Растат на збогатени подлоги (Лоферова подлога. Во однос на бојата разликуваме три типа: Тип Гравис-сиви колони; Тип Митис-црни колони со остри рабови; Тип Интермедиус-комбинација од двете. Оваа бактерија е осетлива на пеницилин,а е отпорна на надворешната средина. Предизвикува болест наречена Дифтерија. Патогенеза Влезна врата претставува слузницата на горните дишни патишта и тонзилите, тука го излачуваат својот егзотоксинх кој по лимфен пат се пренесува низ целиот организам со посебен афинитет кон миокардот, нервните влакна и паренхимните органи. Локалното дејство е најчесто на тонзилите со хиперемија и еден, оштетување на крвните садови со ослободување на леукоцити, еритроцити и фиброзен ексудат од кој се формираат дебели белузливи налепи (псевдомембрани) кои се сраснати за подлогата и при корнење(откинување) крвараат. Регионалните лимфни јазли се отечени и болни, а под дејство на егзотоксинот доаѓа до масна дегенерација на паренхимните органи. Видови дифтерија Дифтеријата може да се јави на: на тонзилите; на нос; на ларингс; на очи; надворешни полови органи; папокот. Дифтеријата на тонзилите може да се јави како: Обична дифтерија - ангина која има постепен почеток со температура од 37-38 степени, главоболки, омалаксаност, и болки при голтање. Тонзилите се зголемени, црвени со пајажести налепи подоцна има сивобелчасти псевдомембрани со седефаст сјај и остро ограничени кои при откинување крвараат. Ако навреме се даде антидифтеричен серум налепите изчеснуваат за три-четири дена. Некои налепи се шираат во околината и се јавуваат токсични промени и оштетувања на ЦНС и срцето. Злоќудна форма на дифтерија- има потешка клиничка слика со температура повисока од 40 степен, а налепите се шираат на двата крајника, улвулата, носот, назофаринксот, ларингсот и трахеата. Налепите се со сило-жолтеникава боја, во устата има непријатен мирис. Регионалните лимфни јазли се отечени и го исполнуваат целиот врат - проконзуларен врат. Болните се бледи, по кожата имаат точкести крварења, дишењето и срцевата работа се отежнати. Компликации Парализа на мекото непце, екстремитетите и дишната мускулатура. Дијагноза анамнеза; клиничка слика; бактериограм; се зема брис од границата меѓу здравото и болното ткиво. Се правааат два препарата од кои едниот се бои по Грам а другиот по Љубински и се засејуваат на Лоферова подлога.
Терапија Терапијата се состои од: антибиотици од широк спектар; симптоматска терапија(аналгетици, топли облоги, кислород, вештачко дишење, исхрана-течна и кашеста.)
Профилакса Се дава DI-TE-PER вакцина. Имунитет Попрележана болест останува долготраен.
Категорија:Инфективни болести