Карун () — најполноводна и единствена пловна река во Иран. Долга 720 км и извира во плаинната Зардкух во венецот Загрос. По течението ѝ се приклучуваат повеќе притоки како Дез и Кухранг, пред да помине низ Ахваз, главен град на покраината Хузестан.
По Ахваз, течението продолжува кон Персискиот Залив, подвојувајќи се во две растоки во делтата: Бахманшир и Хафар што му се приклучува на Шат ел-Араб (пер. Арвандруд) и се влева во Персискиот Залив. Меѓу двата ракава е сместе важниот остров Абадан. Хафар го дели пристанишниот град Хоремшехр од островот.
Реката е спомената во Библијата под името „Фисон“Битие 2:11 — Македонска Библија — една од четирите реки на Еденската градина (Рајот). Другите три се Тигар, Еуфрат и Керхе („Улај“Даниел 8:2 — Македонска Библија или „Гихон“). Во времето на Македонското Царство, реката се нарекувала Паситигар, што е веројатно етмолошки врзана со библиското име Фисон. Средновековното (и денешно) име Карун доаѓа од „Кухранг“, која денес се однесува на една од поважните притоки на реката.
Поврзано Шат ел-Араб (Арвандруд) Загрос
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Иран Категорија:Слив на Шат ел-Араб Категорија:Хузестан Категорија:Чахар Махал и Бахтијари