350px|мини|десно|Манифестација во чест на Енвер Беј Младотурската револуција од 1908 година создала услови за крупни внатрешни промени во животот на Османлиското Царство. Новите власти сакале да ја трансформираат Империјата во уставно-парламентарна држава и да ја интегрираат во евроспките заедници на слободните народи. По јули 1908 година, месеците биле исполнети со бурни политички манифестации: братимење на Македонците и Турците, амнестирање на илјадници македонски политички затвореници, ликвидација на странските вооружени пропаганди и др. Промените кои се случиле биле почувствувани од сите во Македонија. Јане Сандански и неговите приврзаници идејно и политички подготвено ја дочекале новонастанатата состојба. Тие веднаш ја прифатиле подадената младотурска рака за соработка, отворено и искрено, како своја трајна политичка ориентација. Јане бил свесен за карактерот, значењето и можностите на актуелниот политички миг што запонал со чинот на младотурското востание .
Според Манол Пандевски, Јаневата свест извирала од следниве две оценки: Прво, дека чинот од јули 1908 година е само прв, а никако и завршен чин во новата турска политичка драма; дека со него е отворен процесот на внатрешните политички превирања и поларизација на силите; дека дадениот миг е политички нестабилен и преоденм по кој мора да настапи еден поцврст курс во политичкиот развој на земјата. Второ, дека од идејно-политичката зрелост, од организираноста и истрајноста во борбата на прогресивните сили, ќе зависи во која насока ќе појде трајниот политички курс, какви придобивки ќе се извојуваат, до која мерка ќе се продлабочи штотуку започнатата револуција во Турција .
„Конституциона зора“, орган на серчани, во декември 1908 година пишувала: Револуционерната криза во Турција можеше, а може и сега да се исползува само со крајно и целосно напрегање на револуционерните фактори. Овие фактори, имено, во вакви моменти треба да дејствуваат со полна пареа, зашто придобиеното во времето на еден револуциоерен период е најценетата придобивка... Затоа беше сосема природно, имено, Македонската револуционерна организација да ги напрегне сите сили и од името на целата нација да се наложи да го земе својот дел од придобивки кои во една револуционерна епоха не смеат да се пренебрегнуваат и откажуваат по секоја цена. Организацијата не си прави илузии дека апсолутизмот на Отоманското Царство си ја одигра својата улога .
Јане и неговите приврзаници реално ја оцениле историската шанса што Младотурската револуција му ја понудила на макеоднското ослободително движење. Понудената шанса можеле да се испушти, а макеоднските сили да не го земат својот дел од револуционерните придобивки. За Јане, како политички стратег, било јасно акционото поставување: неодложно преземање на акции за обединување на распокинатите македонски сили околу програмата на серчани, организирање и политичко активирање на македонскиот народ со кои требало да се брани постигнатото, како и да се изврши успешен притисок врз младотурската власт .
Легализација мини|лево|200п|Ахмед Нијази-бегмини|десно|350п|Санданисти и младотурски офицери. Стојат: Мицо Врански, непознат турски чиновник, Таската Серски, д-р Авди бег и Димо Хаџи Димов, седат: Л. Козарев, Ахмед Нијази-бег, Сандански, Тодор Паница и Георги Казепов Јане Сандански до крајот на 1907 година веќе имал авторитет на прв раководител на Серскиот револуционерен округ, а воено бил и еден од главните водачи на т.н реформска струја на Македонската револуционерна организација. Од извештаите на српските дипломатски претставници дознаваме дека влијанието на Јане се простирало во цела источна Македонија, особено во Серскиот и Струмичкиот округ ДАСИП - Београд, Пол. оддир. П. П. Но 3037/7. VI.1908, васц. I-1, 1908. Света Симиќ истакнува дека по двојното убиство во Софија: групата на Сандански осетно се засили и во Македонија, и во Бугарија . Според истиот извор, бугарската влада сакала да се ослободи од него, а таква желба пројавил и Фердинанд I затоа што и самиот: се плашеше од наглото зајакнување на една македонска струја која откажуваше послушност . Во наредните месеци бројот на Јаневите приврзаници постојано се зголемувал, со што неговиот углед постојано се зголемувал Глигор Тодоровски, Јане Сандански низ документите од српски извори (1908-1910), Гласник на ИНИ, Скопје, г. XVI, 1971..
Решителното застанувањето на Јане на страната на младотурците, наеднаш и многукратно му се зголемила популарноста, значењето, политичката тежина и влијание. Тој бил постојано следен од дипломатско-конзуларните претставници и новинарски известувачи, кои воедно испраќале информации за него. Според австроунгарскиот конзул: Сојузништвото на Сандански не може да се омаловажува зашто неговото влијание се протегнува врз целата област на Серскиот Санџак и врз граничните македонски села во Драмскиот Санџак . Затоа самите младотурци се стремеле да го придобијат Јане и неговата група за сопствените цели .
Во јулските денови на 1908 година, приврзаниците на Јане се легализирале и влегле во градовите каде што биле пречекани од младотурските комитети со свечени собири и масовно учество на населението. Јане најпрво влегол во Неврокоп, каде што од балконот на општинската заграда одржал револуционерен говор пред околу 15 000 луѓе. На 15 јули 1908 година, Јане со воз присигнал во Солун. На железничката станица бил пречекан од специјална младотурска делегација предводена од Енвер Беј . Следниот ден, на големиот митинг кој се одржувал на плоштадот Молос, Јане одржал говор во кој ја нападнал султановата управа, а воедно повикал и на поголема политичка сплотеност на различните народности, предупреувајќи дека македонските револуционери нема да го положат оружјето сè додека слободата не биде зацврстена . На 18 јули 1908 година, Јане излегол со познатиот Манифест до сите народности во империјата. Манифестот бил лично потпишн и прочитан од Јане Сандански. Во него било истакнато:
Во Манифестот, Македонците биле предупредени дека: Вие, кои сте дале толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Сега вие не сте сами - ете зошто и вашата борба станува полесна и понадежна. Со заедничките усилби на сите народи ние ќе ја извојуваме нашата слобода. Не подавајте им се на престапната агитација која можеби ќе ја поведат официјалните власти во Бугарија против вашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода . Манифестот бил објавен во печатот, а бил отпечатен и како леток на бугарски и турски јазик и растурен во Солун и Македонија. Тој предизвикал силен впечаток кај македонскиот народ, а странските известувачи ја пренеле неговата содржин низ светот. Политичка активност 200px|мини|лево|Хусеин Хилми паша 350px|мини|десно|Говор на Хилми паша во Солун при прогласувањето на Уставот во 1908 година Во Солун, политичката активност на Јане и неговите приврзаници била изразена во две насоки: а) преговори и постигнување на договор со младотурците б) започнување на процес за обединување на сите македонски сили околу новата стратегија и програма .
Јане и неговите приврзаници веднаш по пристигнувањето во Солун се сместиле во големиот хотел Англетер, кој станал место на чести контакти со младотурските водачи . Некои автори истакнуваат дека преговорите помеѓу двете страни траеле околу два месеци Всемирнаја историја, том 7, Москва, 1960, 357.. Младотурците прифатиле добар дел од барањата на Јане и неговите соработници. Тие ја сфатиле новосоздадената состојба како вооружено примирје меѓу револуцијата и султановата власт. Младотурците се согласиле приврзаниците на Јане да го задржат оружјето и покрај тоа што тие дејствувале како легална политичка формација . Целосната трансформација на Јаневата групација во политичко-парламентарна партија била оставена за подоцна, откако ќе бидат извојувани предуслови за спроведување на реформи и обласна самоуправа за Македонија . Младотурците го прифатиле барањето за аграрна реформа, која на макеоднските селани им ветувала доделување, под определени услови, на еден минимум од 50 дунума земја, која требало да биде одземена од чифликсајбиите.
Во текот на преговорите и состаноците со младотурските водачи, Јане Сандански го поддржал суверенитетот и интегритетот на Османлиското Царство, но истовремено побарал спроведување на децентрализација на власта во Империјата, преку која во Македонија требало да формира обласна самоуправа. Ова прашање требало да се реши со новиот устав кој требало да биде донесен од турскиот парламент. Според Никола Разлогов, Јане сакал да ги придобие младотурците и тие да се заложат во изработувањето на подемократски устав кој би овозможил најшироки права во Македонија . Сандански бил убеден дека само децентрализацијата може да ја сочува целовитоста на Империјата, а воедно и на Македонија. Во тоа сакал да ги убеди и младотурците. Василиј Василевич Водовозов истакнува дека во 1909 година, во негово присуство, Јане му ги изрекол следниве зборови на Хусеин Хилми паша: Со вашата политика на централизам вие и го копате гробот на Турција .
Во текот на средбите биле разгледани повеќе граѓански и политички прашања: политичките права, парламентарните избори, училишната и просветната политика во Македонија, државниот буџет, локалните потреби на народот и др. Какви биле погледите на Јане Сандански по некои од овие прашања дознаваме од д-р Владимир Бурилков, дописник на весникот Дневник, според него Сандански истакнал дека Бугарска егзархија: ... е орудие на Бугарија - една пропагандна институција. При сегашната нова ситуација, нејзе треба да у се забрани да добива супстидии од Бугарија, а училишниот оддел да се претвори во одделение на турското државно министерство за просвета... Училиштата треба да бидат државни и во новата држава ќе има религиозна толеранција Оттука, подоцна Народната федеративна партија се определила за меарифиските училишта, бидејќи тие биле финансирани од османлискиот буџет, со што би се елиминирала секаква можност за пропагандно дејствување однадвор . Меѓутоа, Јане не се ограничил само на соработката со младотурците. Во веќе споменатиот весник Дневник била објавена статијата Јане и Грците, во која биле пренесени интересни фрагменти од грчкиот весник Кери, во кој од грчки аспект биле апострофирани неколку ставови на Јане. Во бројот од 1 август 1908 година, во Кери меѓу останатото било напишано дека:
Програма и декларација на МОРО Јане и неговите приврзаници свесни дека договорите со младотурците и извојувањето на евентуалните придобивки, може да се постигнат единствено доколку зад нив стои македонскиот народ, организиран и предводен од единствена и цврста организација. Отука, во текот на Младотурската револуција, МОРО постепено започнала да се легализира. Кон крајот на август 1908 година, како резултат на усилбите на претставниците на Солунскиот, Струмичкиот и Серскиот Округ, во Солун биле изработени и публикувани: Проект-програма и Декларација на Македоно-одринската револуционерна организација. Јане зел најактивно учество во изработката на овие документи, од друга страна, евидентно е влијанието на Димо Хаџи Димов, Димитар Влахов, Никола Харлаков и други. Ако се анализираат програмските барања на МОРО може да се заклучи дека биле изнесени бројни политички, економски, општествени и културни барања кои имале за цел решавање на македонското прашање, преку една реална гаранција. Сите политички институции кои биле предложени во Програмата требало да обезбедат остварување на систем на односи меѓу сите народи во Османлиското Царство, односно: ако апсолутизмот ја чуваше целоста на Империјата преку спротивставување на националностите и на нивното ослободување преку меѓусебни борби, демократска Турција ќе ја зачува таа целост илјада пати подобро преку широка слобода и широка самоуправа, кои на народите му гарантираат полна можност за самоопределеување во државата, областа и општината Според МОРО: напредокот беше сопиран особено од националните и религиозните борби .