Зимовката () е мала врапчевидна птица од семејството на ѕвингалките (Fringillidae). Распространета е низ Европа, вклучувајќи ја и Македонија и низ умерена Азија. Таа е претежно постојан жител, но многу од птиците од посеверните краишта се селат понајуг зиме.

Подвидови Зимовката има неколку подвида: P. p. pileata W. MacGillivray, 1837 – Британските Острови; P. p. europoea Vieillot, 1816 – западна и централна Европа; P. p. iberiae Voous, 1951 – планините на југозападна Франција, северна Португалија и северна Шпанија; P. p. pyrrhula (Linnaeus, 1758) – северна, јужниот дел од Средна и Источна Европа, низ Сибир и Средна Азија; P. p. rossikowi Derjugin & Bianchi, 1900 – Турција, Кавказ и северозападен Иран; P. p. caspica Witherby, 1908 – Азербејџан и северен Иран; P. p. cineracea Cabanis, 1872 – Сибир, североисточен Казахстан, Монголија и Кина; P. p. cassinii S. F. Baird, 1869 – далеку на исток во Русија и североисточна Кина; P. p. griseiventris Lafresnaye, 1841 – далеку на исток во Русија, Кина, Кореја и Јапонија.

Опис

Зимовката е гломазна, робусна птица, со голема глава, долга 14.5-16 см. Горните делови на телото се сиви; пердувите за летање се црни, како и краткиот дебел клун, капата и лицето (кај возрасните) и опашката. Кај младенчињата овие делови се сивкавокафеави. Бело има на задникот и линија на крилјата, а одоздола, возрасните мажјаци се црвенопортокалови, а женките и младенчињата посветли кремавопортокалови.

Пеењето на оваа ненаметлива птица содржи мешавина од течни свирежи.

Поведение Живеалиштето на зимовката се мешаните шуми со некои иглолисни дрвја за гнездење, како и парковите и градините. Вон сезоната на парење не формира големи јата, и обично се гледаат во пар или семејна група.

Исхрана

Зимовката се храни главно со семиња и пупки од овошните дрвја, што може да го направи штетник во овоштарниците. Наесен и зиме ги фаворизира јасенот и глогот.Dyda Ј, Symes N и Lamacraft Д (2009) Шумско управување со птици: водич за управување со шумите и приоритетните птици во Велс. The RSPB, Sandy and Forestry Commission Wales, Aberystwyth, ISBN 978-1-905601-15-8

Размножување

Оваа птица своето гнездо го гради во грмушка, (по можност повеќе од четири метри висока и широка), голем џбун или дрво (смрека или елка). Сезоната на парење трае од мај до средината на јули кога еден пар може да има и до три легла. Во секое од нив женката несе 4-5 светлосини јајца со ситни темноцрвени точки. Ги инкубира 13-15 дена, а за тоа време мажјакот ја храни. Потоа обата родитела ги хранат пилињата со инсекти и семиња.

Наводи

Надворешни врски Возраст и пол (PDF; 2.2 MB) од Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Ѕвингалки Категорија:Птици на Македонија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј