Зад Корија — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Белче. Претставува населба од средниот век. Се наоѓа на 600 м западно од селото, каде на површина од околу 2 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, тули и друг градежен материјал. Овде е најден питос кој на венецот на устата има втиснати 5 крста. Наоѓалиштето лежи на приватен имот, во двор на месен жител.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Зарев Манастир — црква од средниот век; Гориче — црква од старохристијанско време; Стари Анови — населба од средниот век; Белче; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Белче