Фирстенберг/Хафел или само Фирстенберг () — град во округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.

До 1950, Фирстенберг бил дел од поранешното Големо Војводство Мекленбург-Штрелиц.

Географија

мини|лево|Поток близу Торнов

Фирстенберг се наоѓа на реката Хафел, 21 километар јужно од Нојштрелиц и 75 километри северно од Берлин.

Градот се наоѓа во јужниот дел на Мекленбуршката Езерска Област и е опкружен од Реблинското, Баленското и Шветското Езеро. Реката Хафел се дели на неколку канали како тече низ градот, а на еден од нив има брана за пловните објекти. Првичната местоположба на градот била на остров помеѓу каналите.

Градски единици

Фирстенберг се состои од 9 градски единици:

Алтимен Барсдорф Блуменов Бредерајхе Химелпфорт Штајнферде Торнов Цоцен

Нацистичка Германија

Во Фирстенберг се наоѓал концентрацискиот камп Равенсбрик, а на негово место сега се наоѓа споменик.

Советска воена база

Преземен од советската армија во 1945, по Втората светска војна тие основала база за Втората тенковска армија на Советските сили во Германија. Во почетокот на 1959, три години пред Кубанската криза, базата била опремена со 6 јадрени ракети R-5 Pobeda.http://wikimapia.org/8018296/F%C3%BCrstenberg-Soviet-Nuclear-Missile-Base-Nuclear-Storage-Bunkers Слични ракети биле поставени во Фогелзанг и Личен.http://wikimapia.org/10136992/Vogelsang-Soviet-Nuclear-Missile-Launch-Pads По повлекувањето на ракетите во септември 1959, базата повторно станала седиште на тенковската армија.

По повторното основање на покраините во ГДР во 1990, Фирстенберг повторно припаднал на покраината Бранденбург, а од 1993 станал дел од новосоздадениот округ Горен Хафел. Руската армија ги напуштила нивните поранешни бази во Источна Германија во 1994.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Горен Хафел