мини|десно|300п|Топографска карта на Пунчак Џаја и околината Пунчак Џаја () или Карстенсова Пирамида () — планина во венецот Судирман во западниот дел од покраината Папуа во Индонезија. Со 4.884 м надморска височина, Пунчак Џаја е највисока планина во Индонезија, највисока на островот Нова Гвинеја (каде влегува и Папуа Нова Гвинеја), највисока во Океанија и петта по висина во Југоисточна Азија. Со ова, планината е највисоката точка помеѓу Хималаите и Андите, како и највисокиот островски врв на светот. Според други извори, највисока планина во Океанија е Вилхелм (4.509 м), доколку се земе дека Индонезија ѝ припаѓа Азија.
На 4 км од планината е сместен рудникот на Грасберг — најголем рудник на злато и трет најголем рудник на бакар во светот.
Историја
Откривање Висорамнината околу планината била населена пред доаѓањето на европските истражувачи. Месното население ја нрекувало планината „Немангкави“. Прв дојденец што ја забележал планината бил холандскиот истражувач Јан Карстенс во 1623 г. Во негова чест врвот подоцна го добила името „Карстенсова Пирамида“. Овој настан останал непотврден повеќе од два века, а Карстенс во Европа бил дочекан со потсмев кога соопштил дека наишол на снег близу екваторот.
Прв до планината дошол Карстенсовиот сонародник Хендрик Лоренц со шестмина Дајаци од Борнео.Lorentz, H.A., 1910. Zwarte Menschen – Witte Bergen: Verhaal van den Tocht naar het Sneeuwgebergte van Nieuw-Guinea, Leiden: EJ. Brill. По него е наречен Националниот парк Лоренц во кој спаѓа планината.
Историја на искачување Во 1936 г. е спроведена холандската „Карстенска експедиција“, но стручњаците не успеале да утврдат кој од трите врва е највисок. Антон Цолејн, Жан Жак Дози и Фриц Висел ги искачиле двата врва, но поради невреме не успеале да се качат на Карстенсовата Пирамида.Интервју со Жан Жак Дози од 2002 г.
Највисокиот врв е искачен дури во 1962 г. од експедицијата предводена од австрискиот планинар Хајнрих Харер (Филип Темпл, Расел Кипакс и Албертус Хејзенга).
Кога покраината преминала во Индонезија (1963), планината го добила името „Пунчак Сукарно“ (), во чест на првиот претседател на државата. Подоцна го добила сегашното име „Пунчак Џаја“ што значи „врв на победата“.
Ледници Иако самиот врв нема мраз, на падините има неколку ледници како што е Карстенсовиот Ледник, Запдниот Северноѕиден Снежник, Источниот Северноѕиден Снежник и неодамна исчезнатиот Меренски Ледник во Меренската Долина. Со завршувањето на малото ледено време (од 1850-тите наваму), ледниците се повлекуваат и исчезнуваат. Процесот е особено забрзан во последните неколку децении. Во 2010 г. е утврдено дека се топат со стапка од 7 м во дебелина годишно и дека треба да ги снема до 2015 г.
Поврзано Седум врвови Национален парк Лоренц Список на планини во Нова Гвинеја Список на планини во Индонезија
Наводи
Надворешни врски
Планини на Индонезискиот Архипелаг — Peaklist Пунчак Џаја — Peakware Пунчак Џаја — Peakbagger Информативен портал за искачување на Пунчак Џаја (Карстенс)
Категорија:Планини во Индонезија Категорија:Седум врвови Категорија:Западна Нова Гвинеја Категорија:Четириилјадници Категорија:Највисоки точки на земјите