мини|десно|400п|Берданка Берданка или бердана е пушка конструирана од американскиот артилериски генерал Хајрем Бердан во 1868 година. Самиот ја усовршил пушката во 1870 година. Била стандардна пушка во руската армија од 1870 до 1891г., кога е заменета со Мосин-Наган пушката. Втората верзија е со усовршен затворач со преклопување нанапред и со чепно вртење.
Берданката имала дострел до 1000 метри и тежела нешто повеќе од 4 килограми. Македонските револуционери биле вооружени со бугарски, руски и српски берданки, набавени од ТМОРО на најразлични начини и испратени во Македонија по познатите канали.
Опеана е во македонските народни песни.
Наводи
Категорија:Оружје Категорија:Оружје во Илинденското востание