Св. Петка — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Големо Илино. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на источниот крај на селото, во самите темели на денешната црква „Св. Петка“, која е изградена во 1874 година, и тоа врз темелите на постара црква. Во нејзината непосредна близина има масивни плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Висои — доцноантичка некропола; Градиште — населба од хеленистичко и доцноантичко време; Присои — населба и некропола од доцноантичко време; Старо Село — населба од средниот век; Големо Илино; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Големо Илино