Димитар Ајгаров — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Животопис Димитар Ајгаров е роден во 1866 година во Ениџевардарското село Дамјан , тогаш во Отоманското Царство . Станува член на ВМОРО непосредно пред Илинденското востание. Бил четник при Лидо Бабјнски, Апостол Петков, Христо Чернопеев и Коста Калканџиев . Во пролетта на 1908 година поминува во Бугарија , а по општата амнестија од 1908 година по Младотурската револуција се враќа во родното Дамјан . Таму се жени и живее мирно . Поради својот братучед Диљо Ајгаров , поранешен деец на Македонската револуционерна организација и гркоман близок до власта по 1912 година , Димитар Ајгаров бил често малтретирани и тепан од новата грчка власт. Умира во 1947 година Бабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.445-447.
Извори
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски преселници во Свети Влас Категорија:Учесници во Илинденското востание