thumb|right|Страница од „О писменех“ О писменех (старословенски: , За буквите) — јазично-книжевен трактат во кој детално се разработува оправданоста за постоење на посебно словенско писмо и во кој на блескав начин се брани словенската писменост. Го напишал кон крајот на IX или почетокот на X век, не повеќе од една генерација по Моравската мисија, монахот Црноризец Храбар (), кој најверојатно се школувал во Преславската книжевна школа во денешен Велики Преслав, Бугариjа. Низ текстот, на отмен начин и со висок стил, во многу смирена атмосфера, Црноризец ја образложува потребата за постоење на словенско писмо, истата поткрепувајќи ја со факти. Неговото широко образование особено доаѓа до израз кога тој, Словен, ги потсетува самите Грци на околностите во кои настанало нивното писмо; настани, луѓе и факти кои се непознати за многумина од нив. Особено убав одговор дава на прашањето: Зошто им се на Словените 38 букви, кога може да се пишува и со помалку? Но, по „пребројувањето“ Црноризец констатира дека грчките книги се исполнети со 38 знака, број еднаков со бројот на букви во словенското писмо. Исто така, соодветно внимание е посветено на дискредитацијата на тријазичната ерес, според која словенскиот јазик не бил достоен за на него да се шири Словото Божје. На ова авторот само ги потсетува грчките интелектуалци дека токму Светото писмо на нивниот јазик, од хебрејски, го превеле „мнозина за многу години“, додека истото го има сторено Константин Филозоф, наречен св. Кирил „сам и за малку години“.

Преписи Ракописот О писменех е зачуван во 79 преписи во седум фамилии на текстови кои делат заеднички протограф, вклучувајќи пет контаминирани ракописи, плус четири скратени верзии независни од седумте фамилии. Сите овие фамилии веројатно на крајот делат заеднички протограф, но се разликуваат поради промени настанати при препишувањето. Ниту една од текстуалните фамилии не содржи оптимален текст, и ниту една од нив не може да се утврди дека е извор на некоја друга. Ниту една од текстуалните фамилии не може да се покаже дека има дијалектни карактеристики, иако некои од индивидуалните ракописи во фамилиите ги имаат. Протографот бил напишан на глаголица, и претрпел значителни промени или корупција во текот на неговото последователно препишување во седум фамилии на кирилски текстови. Денес, зачувани се само кирилични преписи.

Најстариот зачуван препис, содржан во , кој датира од 1348 година и е направен од монахот Лаврентиј за царот Јован Александар. Делото исто така било печатено во Вилнус (1575–1580), Москва (1637), Санкт Петербург (1776), Супрасл (1781).

Текст Следува текстот од „О писменех“О писменех - целосен текст на Викиизвор.:

Порано, пак, Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа исто како и многубошците. А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое особено правило. Но како може да се пишува со грчки букви: и бгъ или жизънь, ѕѣло или цркѿвъ или члкъ или широта или шєдрѿты или юность или ѫзыкь или ıaдь и слични на тие? И така се продолжуваше многу години. (Повеќе...)

Примери од делото

Врвот пак на почитта, љубовта и гордоста на словенскиот народ кон своите Апостоли тој ја пренесува во делов:

Иако низ целиот текст доминираат фразите „словенско писмо“ и „словенски букви“, авторот не дава никаков одговор, директен или индиректен, свесен или несвесен, намерен или ненамерен, околу тоа кое писмо всушност го создал Константин Филозоф наречен св. Кирил. Ако се суди според споменатиот број на букви, тогаш тоа би била глаголицата (која брои 38 букви без прејотираните носовки).

Наводи

Категорија:Старословенска книжевност Категорија:Преславска книжевна школа Категорија:Средновековна македонска книжевност