мини|десно|Грбот на Нова Земја Нова Земја () — архипелаг во Северноледениот Океан во северна Русија, чиј ’рт Флисингски е најисточната точка во Европа. Архипелагот претставува реон во состав на Архангелската областЗакон бр. 65-5-OZ и урбан округ на општинско ниво.Закон бр. 258-внеок.-ОЗ Населението брои 2.429 жители (2010), од кои 1.972 живеат во административниот центар Белушја Губа.
Домородното население се состоело од 50–300 Ненци, што се занимавале претежно со риболов, лов со стапици, чување ирваси и лов на бели мечки и фоки. Живееле на островите од 1872 до 1950-тите, по што биле преселени на копното поради атомските проби.Ядерные испытания СССР. Том 1. Глава 2 , стр. 58.
Архипелагот се состои од два главни острова (Северен и Јужен) одделени со тесниот Маточкинов Проток и повеќе мали островчиња. Зафаќа вкупна површина од 90.650 км2 и ги двои Баренцовото и Карското Море.
За време на Студената војна, на овие острови се изведувале разни значајни воени вежби и проби, командувани од базата во Рогачево. Војската е присутна и денес. На 30 октомври 1961 г. тука е фрлена познатата „Цар-бомба“ — најсилната пукната атомска бомба во историјата.
Природна околина Нова Земја е продолжеток на северниот дел на Урал, па затоа внатрешноста на островите е сосем планинска.Novaya Меѓу Јужниот Остров и копното се протега протокот Карска Врата. Планините достигнуваат надморска височина од 1.547 м.Воена картографија на Руската армија. Највисоката точка се наоѓа на На Северниот Остров има поголем број на ледници, додека пак јужниот се одликува со тундра. Природните ресурси се застапени со бакар, олово и цинк.
Екологијата е ограничена од суровата клима, но сепак подрачјето има разновиден жив свет. Меѓу позабележителните жители на островите е белата мечка, чија популација околу Баренцовото Море е генетски различна од оние на други места.C. Michael Hogan (2008) Polar Bear: Ursus maritimus, Globaltwitcher.com, ed. Nicklas Stromberg
Поврзано Вајгач Баренцово Море Архангелска област Цар-бомба Земја на Франц Јосиф Список на острови во Русија
Наводи
Надворешни врски
Нова Земја — информативна страница Атомски проби на Нова Земја — Меѓународна агенција за атомска енергија Портал на Нова Земја Историја на населувањето на Нова Земја
Категорија:Острови во Русија Категорија:Архангелска област Категорија:Карско Море Категорија:Архипелази во Северноледениот Океан