Нутетал () — општина во округот Потсдам-Мителмарк, во Бранденбург, Германија.

Нутетал се наоѓа југозападно од Берлин. Општината била основана во октомври 2003 преку доброволно спојување на претходно независните општини Бергхолц-Ребрике, Фалхорст, Нудов, Филипстал, Сармунд и Тремсдорф. Општината го добила името од реката Нуте, која тече низ самата општина и се влева во Хафел во Потсдам.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Потсдам-Мителмарк