Мартинец — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Журче. Претставува населба од средниот век. Се наоѓа на 2 км во правецот на селото Острилци, каде при обработувањето на нивите мештаните наидувале на ѕидови градени од камен и кал, питоси и др. Во еден питос биле најдени стари пари. Постои предание дека на ова место се наоѓало некогашното село Журче. Монетите не се зачувани.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бачилиште — сакрален објект и некропола од доцноантичко време; Љубов Камен — населба од неолитот; Св. Илија — црква и некропола од средниот век; Даблики — населба и некропола од доцноантичко време; Журче; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Журче