мини|300п|Графови на за различни бази :
Секоја крива минува низ точката бидејќи секој ненуларен број качен на -ти степен е . При , вредноста на е еднаква на основата бидејќи секој број качен на -ви степен останува ист. Степенување е математичката операција, означувана со bn. Истата вклучува два броја, односно основа b и експонент n. Друг збор за експонент е степен. Основата b се пишува на нивото и со истата големина како обичниот текст, а експонентот n се пишува непосредно десно од основата, за половина ниво погоре и со помала големина од обичниот текст, односно n се пишува како горен индекс на b.
За bn читаме: b на n-ти или b на n-ти степен.
Експонентот е позитивен цел број Дефиниција: каде што n е позитивен цел број Значи, за n позитивен цел број, степенување е повторно множење на b со себе n пати. Ако n=1, тогаш b¹ = b, т.е. b на први степен е b.
Ако n=2, тогаш b² = b·b, т.е. b на втори степен или b на квадрат е b по b.
Ако n=3, тогаш b³ = b·b·b, т.е. b на 3-ти степен е b по b по b.
...
Клучниот збор е на. Изразот 3 на 5-ти значи 35 = 3 · 3 · 3 · 3 · 3 = 243. Експонентот важи само за основата, т.е. само за бројот кој е непосредно на лево од него. По договор и доколку нема загради, степенување се прави пред другите математички операции како множење (и делење) и собирање (и вадење).
thumb|right|f(x)=x² (сина) е полином; g(x)=2x (црвена) е експоненцијална функција Примери: (-17,4)2=(-17,4)·(-17,4) = +302,76 = 302,76 -17,42 = - (17,4 · 17,4) = -302,76 350 - 102 · 4 = 350 - 100 · 4 = 350 - 400 = -50 074=0
Функција каде што променливата e основата на експоненти кои се позитивни цели броеви се вика полином. Оваа класа на функции се многу важни. Пример: f(x)=x² е полином (од втор степен).
Функција каде што променливата е експонент на основа која е позитивен реален број се вика експоненцијална функција. И оваа класа на функции се многу важни. Пример: g(x)=2x е експоненцијална функција (со основа 2).
Експонентот е цел број Дефиниција: каде што b≠0 и n е цел број (позитивен, нула или негативен). Значи, при преместување на експоненцијален израз од едната страна на дробна црта на другата страна, знакот на експонентот се менува. Примери:
Основни формули за експоненти
Доказ:
Доказ:
Доказ:
Примери не може да се упрости. не постои.
Експонентот е рационален број (дропка) Дефиниција: x = n√b, т.е. n-ти корен на реален број b е број x таков што xn = b.
Ако основата b е позитивен реален број и n е позитивен цел број, тогаш има точно едно реално решение, т.е. точно едно решение на равенката xn = b кое е реален број. Ова решение се вика главниот n-ти корен на b. Тоа се означува со n√b, каде што √ е симбол за коренување. Друго означување е со т.н. рационални експоненти, имено:
Нека b е позитивен реален број, m нека е цел број, а n нека е позитивен цел број: Означување: и .
Внимавање треба кога основата b не е позитивен реален број при рационални (и реални) експоненти. За b=0 и m≠0, погорниот израз е 0. За b<0, погорниот израз е реален број само кога именителот на рационалниот експонент, т.е. кога n е непарен број (позитивен цел). Доколку именителот n е парен број, изразот е комплексен број. Меѓутоа, дигитрони и сметачки прилози различно реагираат на експоненцијални изрази со негативна основа.
Случајот кога и b=0 и m=0, т.е. 00 е многу сложено со различни можни вредности (и различни математичко толкување) и посебно се разгледуваат (види 0на0).
Експонентот е позитивен реален број Доколку основата b е позитивен реален број, а бидејќи секој ирационален број х може да се приближува со рационален број r, степенување со експонент х, т.е. bх може да се дефинира преку непрекинатост со
Експоненти и функции За кратко пишување, позитивен целоброен експонент кај логаритамски и тригонометриски функции означуваат степенување. Имено и на пример: Означување: Означување: Забележуваме дека при користење на повеќето сметачки прилози и програми, овие кратенки не функционираат.
Од друга страна, кај општа функција f(x), позитивен целоброен експонент обично означува повторна композиција на функцијата, т.е. f³(x)=f(f(f(x))), а со експонентот (-1) се означува инверзна функција на f.
Меѓутоа, нема конзистента дефиниција за експонент (-1) кај тригонометриски функции. На пример, sin-1(x)=arcsin(x), т.е. sin-1(x) e инверзната функција на sin(x) во САД и на повеќе дигитрони или sin-1(x)=1/sin(x) (во Р.М.).
right|frame|Степенување со Windows® 7 дигитрон right|thumb|Копчиња за степенување со дигитрон
Степенување со дигитрони Начинот на степенување со дигитрон зависи од типот на дигитронот. Посебни дирки за степенување ги имаат т.н. научни дигитрони (види ги сликите). Секој научен дигитрон има едночекорен тастер: , т.е. по внесување на бројот b кој е основата, се притиска на овој тастер и пресметан е b². Повеќето научни дигитрони имаат и едночекорен тастер: за трет степен. Секој научен дигитрон има едночекорен тастер: или за пресметување на реципрочен број. Секој научен дигитрон има сложен тастер или за пресметување со други експоненти освен 2 и 3. Се внесува основата, па се притиска на овој тастер. Потоа се внесува експонентот, па се притиска на = или Enter. За основа која е позитивен (реален) број нема некакви проблеми при користење на овој тастер. За основа која е негативен број, треба (а) рачно да се провери дека изразот е валиден (има решение) и (б) да се знае како работи дигитронот со негативни основи.
Примери со обичен научен дигитрон: (види ја и анимацијата) 3² Притисни: 3 Резултатот е: 9(-3)² Притисни: 3 Резултатот е: 92³ Притисни: 2 Резултатот е: 84−1 Притисни: 4 Резултатот е 0,253/4² Притисни: 3 4 Резултатот е 0,18750,0625¾ Притисни: 0 . 0 6 2 5 3 4 . Резултатот е: 0,125
Степенување во програмирање Означување на експонентот како горен индекс xy е погодно за ракопис, но не е погодно за машинско пишување, особено во програмски јазици каде што сите карактери се на едно ниво (нема горен или долен индекс). x ^ y: BASIC, J, Геогебра, Sage, MATLAB, R, Microsoft Excel, TeX и LaTeX, TI-BASIC, bc (за цели бројни експоненти), Haskell (за ненегативни цели бројни експоненти), Lua, ASP и повеќето системи за алгебра со сметачи (CAS). Ознаката ^ се вика карета и се добива на тастатурата со латинција со Shift+6. x ** y: Ada, Bash (Unix shell), COBOL, Fortran, FoxPro 2|FoxPro, Gnuplot, OCaml, F#, Perl, PL/I, Python, Rexx, Ruby, SAS, Seed7, Tcl, ABAP, Haskell (заекспоненти со подвижна запирка), Turing , VHDL pow(x,y): C++, C# x ↑ y: Algol, Commodore BASIC x ^^ y: Haskell (за рационална основа, цели бројни експоненти), D pown x y: F# (за цело бројна основа и експонент) x⋆y: APL
Многу програмски јазици немаат вградена синтакса за степенување, но имаат функции во нивните библиотеки.
Внимание: Во Bash, C, C++, C#, Java, JavaScript, Perl, PHP, Python и Ruby, Pascal, OCaml, каретата ^ означува друго, а не степенување. Треба да се води сметка за синтаксата на соодветниот јазик.
Ефикасно степенување Наједноставниот метод за пресметување на bn изискува множења, но може и поефикасно како на пример: За пресметување на 2100, користиме . Пресметувајќи редоследно: 22 = 4 (22)2 = 24 = 16 (24)2 = 28 = 256 (28)2 = 216 = 65.536 (216)2 = 232 = 4.294.967.296 (232)2 = 264 = 18.446.744.073.709.551.616 264 232 24 = 2100 = 1.267.650.600.228.229.401.496.703.205.376 Оваа низа на чекори бара само 8 множења наместо 100-1=99 (има две множења во последниот чекор).
Општо кажано, бројот на множења потребни за пресметување на bn може да се редуцира на Θ(log n) користејќи квадратно степенување. Денес нема ефикасен алгоритам за пресметување на минималната низа, но има повеќе ефикасни евристички алгоритми за степенување.Gordon, D. M. 1998. A survey of fast exponentiation methods. J. Algorithms 27, 1 (Apr. 1998), 129-146. doi:http://dx.doi.org/10.1006/jagm.1997.0913
Табела на целобројни експоненти n n2 n3 n4 n5 n6 n7 n8 n9 n102 481632641282565121,0243 927812437292.1876.56119.68359.0494 16642561.0244.09616.38465.536262.1441.048.5765 251256253.12515.62578.125390.6251.953.1259.765.6256 362161.2967.77646.656279.9361.679.61610.077.69660.466.1767 493432.40116.807117.649823.5435.764.80140.353.607282.475.2498 645124.09632.768262.1442.097.15216.777.216134.217.7281.073.741.8249 817296.56159.049531.4414.782.96943.046.721387.420.4893.486.784.401101001.00010.000100.0001.000.00010.000.000100.000.0001.000.000.00010.000.000.000
n n2 n3 n4 n5 n6 |||||||||| |-align="center"
|-align="center" | =0,1''' =0,01 =0,0010,00010,000010,000001
Наводи
Поврзани теми Коренување Рационален израз Полиноми Експоненцијална функција Логаритамска функција
Надворешни врски
интерактивно (долу) интерактивно sci.math FAQ: What is 00? What does 0^0 (zero to the zeroth power) equal? on AskAMathematician.com
Категорија:Математика Категорија:Алгебра Категорија:Експоненти Категорија:Унарни операции Категорија:Експоненцијали